30 %
30 %
30 %

Viktor & Rolf Bonbon

2,700.00 ден4,960.00 ден

Bonbon е вистинско доживување. Тој е создаден со намера да се стимулира желбата како мирис на неодолива бонбона.

Бонбоните се слатки и обезбедуваат чувство на задоволство во посебни моменти. Рачно изработени бонбони претставуваат слатка потрага по квалитетни вкусови кои обезбедуваат вистинско задоволство. Нотите на карамели обезбедуваат олфакторно искуство и  будат пријатни спомени за традиционалните гурмански состојки – шеќер и путер.

Композицијата на мирисот Bonbon содржи  ноти на сочна мандарина и портокал кои ја обвиткуваат карамелата со кристална наметка.

Слаткиот акорд на црвената рајска праска дискретно флертува со сочните ноти на карамелите кои нежно се прилепуваат на нејзината кадифена кожа.

Нотата на јасмин е облеана со сончева светлина и обвиткана со нота од цвет од портокал, чиј што вкус се вклопува со вкусната карамела. Мирисот нежно се пролизгува по кожата, како прелив од карамела на сочен десерт.

Кедарот и дрвото “guaiaca” се долни ноти кои му даваат на мирисот изненадувачка рамнотежа помеѓу кремастите и млечни ноти на сандаловина  и мрачните дрвенасти ноти на јантар кои всушност го нагласуваат богатиот акорд на карамела.

Карамелата како главна состојка го одразува развојот на композицијата на мирисот. По нанесувањето на кожата, нотите на карамела од впечатливи, слатки горни ноти се претвараат во меки и кремасти, по што се открива раскошната длабочина на базните ноти.

Исчисти
SKU: 579 Категории: , ,