logo-12

КАТЕГОРИИ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА КОСАТА





 

Уникатна линија на производи за коса, толку уникатна колку што е и твојата коса. Козметичката линија на Kérastase е комбинација од професионално искуство на најдобрите стилисти за коса со искуството на најнапредните научни тимови во оваа област.

Токму така, под лупата на специјалистите се создадени овие уникатни производи за нега на коса. Тие се карактеризираат со висока концентрација на активни состојки, комплексни молекуларни соединенија, пријатна текстура  и мириси, и елегантен дизајн.

Kérastase ги исполнува највисоките очекувања на денешницата а воедно ги разгалува и сетилата. На овој начин секојдневниот стајлинг на косата станува извонреден момент кој припаѓа лично на тебе. Препушти се во рацете на експертите и почувствувај го нежниот допир на парискиот луксуз, револуционерна технологија и апсолутно индивидуална нега за твојата коса.