Знаете дека Макс Фактор како бренд го обожавам и дека користам голем дел од нивните производи. Особено ги имам пробано сите течни пудри од Макс Фактор, и дел од нив се токму моите омилени за секојдневен изглед. Денес ви пишувам за Miracle Touch течната пудра и Miracle Smooth база за лице.

Miracle Touch Liquid Illusion Foundation

1

Пудрава е излезена од пред неколку години на македонскиот пазар, ама сега е со ново по елегантно пакување. Да напишам збор два за самото паковање. Пудрата е сместена во стаклено паковање на два дела. Во горниот пластичен дел се наоѓа сунѓераст апликатор за нанесување на пудрата, а во долниот дел се наоѓа самата пудра. Јас ја имам нијансата 45 warm almond, светла нијанса со жолт подтон.

 

2

 

Текстурата на овој производ е тоа што ме изненади која прв пат ја пробав. На прв поглед изгледа како кремаста, ама со првиот допир се претвора во течна состојба. Најдобро се нанесува со сунѓерче, јас ја нанесувам со влажно сунѓерче за течна пудра, моментално го користам на Oriflame и многу сум задоволна. Апликаторот што го добивате со пудрата е практичен ама впива многу производ и ако ја нанесувате побрзо не се нанесува рамномерно на кожата. Морам да признаам дека уште кога прв пат ја нанесов на лицето бев воодушевена од тоа како изгледа. Ми даде одличен ефект, со само еден слој дава средна покривност и изгледа многу природно и лесно на лицето, не изгледа ниту пак се чувствува тешко и што е најважно не се вовлекува во порите. Дава ефект на совршена кожа. (На фотограгијата имам само од течната пудра без коректор и камена пудра.)

 

3

 

Ефектот што го дава после нанесувањето е полу мат финиш кој што многу ми се допаѓа. Без камена пудра трае околу 8 часа па после 8 часа почнува да се брише. Кај мене почнува од носот и брадата (тие делови ми се најмрсни). Ако нанесам плус камена пудра трајноста е поголема, трае цел ден без никакви поправки, после 7 часа благо засветнувам на т-зоната. Најчесто ја нанесувам со базата Miracle Smooth, со базата добивам голема долготрајност и порите помалку се познаваат. Пудрава многу ви ја препорачувам, особено ако сте во потрага по долготрајна и покривна течна пудра а сепак сакате да се чувстува лесно на лицето. Исто така изгледа одлично на слика со блиц, што е голем плус. Мене ми е омилена за овој период и секако ќе продолжам да ја купувам.  Дури и дечко ми ми даде комплименти дека пудрата изгледа совршено на лицето.

 

Miracle Smooth Primer
4

 

Оваа база доаѓа спакувана во практично пластично паковање со пумпичка, што го овозможува дозирањето многу полесно. Текстурата е многу кремаста и на кожата остава многу свиленкаст ефект. Ја хидрира кожата и пудрата ја прави подолготрајна. Го користев во комбинација со неколку течни пудри и со сите изгледаше совршено. Иако има хидрирачка моќ сепак не ја прави кожата да изгледа мрсно што е голем плус.
 Цена на пудрата е 940 ден, базата 900 ден.
Можете да ги најдете во сите продажни места на Макс Фактор.

Коментарите се заклучени.