MEXX НИ ЈА ПРЕТСТАВУВА WHENEVER WHEREVER

Ново мирисно дуо

со Time Release технологија

 

Со денешниот динамичен и зафатен начин на живот, младите професионалци се стремат кон едноставност. Инспирирани од нивната желба за некомплицирано живеење, Mexx ни ја претставува новата линија Whenever Wherever, ново лежерно мирисно дуо, одлично за преку ден, секој ден, без разлика на пригодата.

MEX_LN_J18_0001_WW_DUO_KV_600x600.indd

Одличен за на работа, за надвор од работа и заборавете-на-работата моменти. Whenever Wherever го прави носењето мирис безнапорно. Мирисот повеќе не се чува за специјални пригоди. Освежувачките модерни композиции на Mexx, за него и за неа, се дизајнирани за секојдневно уживање, кога сакате и каде сакате.

Time Release технологија

Кога имате напнат работен ден, нормално дека сакате вашиот парфем подолго да се задржи на кожата. Благодарение на Time Release технологијата, Whenever Wherever ви носи свежо мирисно искуство со тоа што ги задржува нотите на мирисот и потоа ги испушта во текот на денот. Како резултат, искусувате експлозии од мирис во текот на денот.

 

За неа

Свеж флорално-овошен мирис, Whenever Wherever за неа, претставува баланс од овошни ноти и нежна цветна срцевина со дрвенести подтонови. Најпрво, освежувачкиот портокал и аромата на круша носат поттикнувачка свежина, која потоа преминува во женствен букет од ливчиња од роза, надополнети со нежни тонови на сладок јасмин и темјанушка. Конечно, топлите ноти на кедрово дрво и ванила додават елегантност на овој модерен мирис.

За него

Мирисот за него е супер свеж, ароматично-цитрусен мирис кој се отвора со возбудливи ноти на лимон и грејпфрут, кои носат освежувачка сензација. Во срцевината, освежителните акватични ноти креираат чист мирис. Овие ноти се надополнети со дрвенести ноти на ветивер и ноти на пачули, кои даваат топлина и длабочина на мажествената композиција

Свеж, модерен дизајн

Whenever Wherever е претставен во едноставни, но сепак стилски шишенца со квадратна форма, и со смело правоаголно капаче. Женскиот мирис има деликатен розов џус, надополнет со бледо розова етикета, додека машкото шишенце е исполнето со бледо син џус и украсен со впечатлива сино-жолта етикета. Пакувањата се исто така во впечатлива розова боја и машкото во темно сини нијанси, кои се финиширани со карактеристичното Mexx лого во црна боја.

Уживајте во секојдневните и едноставни за носење мириси – Whenever Wherever од Mexx.

Коментарите се заклучени.