#My Factor е кампања на козметичката куќа Max Factor а самата кампања е инспирирана од индивидуалната убавина која што секоја жена ја носи во себе. Идејата позади кампањата е дека секоја жена е засебна, уникатна сама по себе, секоја жена има детал кој остава најголем впечаток а токму тоа е факторот кој ја прави убава.

Елена Реи е девојката од која ја црпевме инспирацијата за My Factor. Преку оваа кампања ќе ви го откриеме нејзиниот фактор и сите трансформации кои ги направивме во соработка со мејк ап артистот Васе Докоски.

Усните се носечкиот фактор на Елена Реи, и токму тие беа инспирација за изгледот кој го креираше мејк ап артистот Васе Докоски.