Кажете bonjour на светлината! Истакнете ги вашите црти на лицето со хајлајтерот на Bourjois!


Bourjois Light Sculpt Highlighter
675.00 ден 506.00 ден
Ова е стробинг техника, париски стил! Bourjois Sculpt Light Strobing Highlighter е бисерен хајлајтер кој го осветлува вашиот тен и ги редефинира цртите на лицето. Неговата универзална нијанса перфектно одговара на сите тонови на кожа, имитирајќи ги местата каде што светлината природно паѓа на лицето со цел да ги истакне контурите на лицето. Оваа течна гел формула, збогатена со ултра фини бисери кои ја рефлектираат светлината, му дава на безживотниот тен здрав сјај по кој сите ќе се вртат. Нанесете на јаболчиците, аркадите, внатрешниот агол на окото, како и помеѓу носот и горната усна за блескав финиш и полн ефект. Нанесете помалку доколку сакате слабо потенцирање. За редефинирање на цртите на лицето со блескавост, Sculpt Light е неопходен додаток во вашиот несесер.
- Течен хајлајтер кој ја осветлува кожата и ги редефинира цртите на лицето.
- Збогатен со ултра фини рефлектирачки бисери.
- Ја прави кожата блескава.
- Практичната пумпица дава точно количество на гел колку што е потребно.
- Универзална нијанса која совршено одговара на сите тонови на кожа.
На залиха
Опис



Ја осветлува кожата и го редефинира вашето лице

Течна-гел формула која лесно се соединува со кожата

Практична пумпица за нанесување
Стробинг ефектот во центарот на вниманието! Погледнете како до сјаен изглед со само 4 едноставни чекори
ЧЕКОР 1: Изедначете со Healthy Mix пудра
Изедначете го тенот со Bourjois Healthy Mix пудрата.

ЧЕКОР 2: Матирајте со Healthy Mix камена пудра
Нанесете Healthy Mix камена пудра за да креирате изедначен, мат и свеж изглед.

ЧЕКОР 3: Контурирајте со Little Round Pot руменило
Нанесете руменило на вашите јаболчици и изблендајте за свеж, природен финиш.

ЧЕКОР 4: Хајлајтирајте со Sculpt Light
Додадете малку светлина под вашите веѓи, во внатрешниот агол на вашите очи, како и на врвот на вашите јаболчици. Завршете го изгледот со малку Sculpt Light на врвот на вашата горна усна.

Информации
нијанса | 00 |
---|---|
Шминки Категории | |
Бренд | |
Шминка |
You must be logged in to post a review.
Прегледи
Сеуште нема прегледи.