- 30%

Calvin Klein Euphoria Intense тоалетна вода за мажи

2,740.00 ден3,480.00 ден

Calvin Klein Euphoria for Men Intense е посладок за разлика од оригиналнот Euphoria, со помалку ароматични акорди, но, сепак е нагласено ориентален и поинтензивен. Заснован e на нотите на растението мира, зачини, килибар, ветивер, лабданум и агарово дрво. Шишенцето ја следи формата на претходното издание на парфемот Euphoria, со тоа што ова е во помодерен и поелегантен дизајн, со боја на килибар. Euphoria Men Intense е креиран од страна на Carlos Benaim и Loc Dong.

За брендот:

Calvin Klein е американски моден бренд, основан од страна на Calvin Klein кон крајот на 1960-тата година. Брендот е познат по својот минимализам и класичен стил. Денес, брендот Calvin Klein е светски познат по неговите фармерки, колекции во опуштен стил, колекциите долна облека и парфеми. Логото на компанијата “cK” е исто толку препознатливо како и името на брендот, и краси многу производи во неговата линија. Првиот парфем на компанијата, Calvin, е лансиран во 1981 година. Оттогаш, Calvin Klein лансираше серија успешни парфеми, кои според многумина, го зачуваат духот на декадите во кои тие биле лансирани, вклучувајќи го и Obsession (1985 for Women, 1986 for Men), сK One (еден од првите унисекс мириси, претставен во 1994 година) и Euphoria (2005 for women, 2006 for Men). Дизајнерот Calvin Klein брои 142 парфеми во неговото портфолио на мириси. Најстaрото издание е од 1978 година, додека најновото од 2017.

На залиха
100ml50ml
Исчисти
- +
SKU: 497 Категории: , ,

Доплонителни информации

Брендови

Calvin Klein

За Мажи

Тоалетни Води

милилитражи

100ml, 50ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Calvin Klein Euphoria Intense тоалетна вода за мажи”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X