40 %
40 %

Calvin Klein Obsessed Intense Men EDP

2,260.00 ден3,010.00 ден

За производот:

Во 1993 година, OBSESSION CALVIN KLEIN достигна култен статус кога Kate Moss стана заштитно лице на парфемот, заедно со кампањата која ја сними нејзиниот тогашен дечко, познатиот фотограф Mario Sorrenti. Во 2017 година, нов бран фотографии од кампањата на Sorrenti и Moss за OBSESSION CALVIN KLEIN, беше објавен за лансирањето на OBSESSED CALVIN KLEIN, а денес OBSESSED INTENSE CALVIN KLEIN ја развива понатаму оваа приказна. OBSESSED INTENSE CALVIN KLEIN е подлабоко истражување на приказната за поранешна љубов и романса. Mашкиот мирис е мажествена композиција составена од ванила, интензивирана со црн килибар. Во горните ноти на мирисот има oro blanco грејпфрут, rhubarb, Sichuan бибер, додека срцевината е составена од ноти на листови од кедар, кашмир и наргамота. Основата пак, е составена од црн килибар, gurjum балсам и гвајакум дрво. Бидејќи OBSESSED CALVIN KLEIN беше бел, OBSESSED INTENSE CALVIN KLEIN е токму спротивното,  шишенцињата се чисти, минималистички, но обоени во црна нијанса, портретирајќи ја интензивниста на мирисите, а истовремено потсетувајќи на сензуалноста на оригиналниот OBSESSESION CALVIN KLEIN.

За брендот:

Calvin Klein е американски моден бренд, основан од страна на Calvin Klein кон крајот на 1960-тата година. Брендот е познат по својот минимализам и класичен стил. Денес, брендот Calvin Klein е светски познат по неговите фармерки, колекции во опуштен стил, колекциите долна облека и парфеми. Логото на компанијата “cK” е исто толку препознатливо како и името на брендот, и краси многу производи во неговата линија. Првиот парфем на компанијата, Calvin, е лансиран во 1981 година. Оттогаш, Calvin Klein лансираше серија успешни парфеми, кои според многумина, го зачуваат духот на декадите во кои тие биле лансирани, вклучувајќи го и Obsession (1985 for Women, 1986 for Men), сK One (еден од првите унисекс мириси, претставен во 1994 година) и Euphoria (2005 for women, 2006 for Men). Дизајнерот Calvin Klein брои 142 парфеми во неговото портфолио на мириси. Најстaрото издание е од 1978 година, додека најновото од 2017

Исчисти
SKU: 612 Категории: ,