Chloé Absolu de parfum

4,265.00 ден7,550.00 ден

За производот:

По повод десеттиот роденден на култниот парфем на модната куќа Chloé, истоимениот култен мирис Chloé, најавен уште тогаш како “класичен signature мирис на модната куќа“, претставена е неговата нова верзијаChloé Absolu de parfum. Chloé Absolu de parfum е лимитирано издание кое нуди богата цветно-дрвенеста композиција и претставува посилна и порафинирана верзија на веќе интензивниот оригинал. Интензитетот и длабочината на розата од Дамакс, која е исто така присутна и во оригиналниот мирис, во ова издание е појачана и искомбинирана со екстракт од роза центифолија од Грас. Дозата пачули и дава карактер на композицијата, додека ванилата пружа кадифест стих на истата. Парфимерот кој стои зад овој мирис е Michael Almairac, кој вушност го креираше и оригиналниот мирис. Шишенцето го има истиот дизајн како и оригиналниот мирис, а за да се обележи оваа едиција, рамката на мирисот е потопена во 24 каратно злато, а грлото на шишенцето е обмотано во препознатливата нежна панделка во беж боја, но овој пат со златни нијанси низ неа.

За брендот:

Chloé е француска модна куќа, основана од дизајнерката Gaby Aghion во 1952 година. Родена во Египет, Aghion се сели во Париз во 1945 година, каде ја основа Chloé неколку години подоцна. За разлика од формалната облека правена по мерка, која се нудела од модните дизајнери во 50-тите години, Chloé одбира да создава мека облека, погодна за носење, создадена од луксузни ткаенини. Aghion останува со компанијата, се додека истата не е продадена во 1985 година. Серија престижни дизајнери поминале низ компанијата во текот на годините, вклучувајќи ги и Karl Lagerfeld и Stellа McCartney. Првиот мирис на Chloé, истоимениот Chloé, лансиран во 1975 година, е оригинален мирис, кој буди чувство на класика. Компанијата го задржува современиот стил со лансирањето на новата верзија на Chloé во 2008 година, дизајнирана да ги привлече младите жени со модерен вкус. Портфолиото на Chloé се состои од 28 мириси. Најстарото издание е од 1975 година, додека најновото од 2017.

Исчисти
SKU: 793 Категории: ,