- 40%

Chloé Nomade тоалетна вода за жени

2,100.00 ден3,710.00 ден

За производот:

Nomade тоалетната вода е блескава интерпретација на оригиналниот парфем Nomade (2018 година) од модната куќа Chloé, кој содржи природни состојки внимателно одбрани од парфумерот Quentin Bisch. Живата и воодушевувачка нота од личи е откриена во воведните ноти како “суштината на блескавата женственост“. Нотата на фрезија од оригиналот, ги носи своите многубројни нијанси во комбинација со деликатниот флорален квалитет, додека смелиот и специфичен карактер на дабовата мов ги воздигнува тоналитетите на овој блескав мирис. Кампањата е снимена во Раџастан од страна на фотографот Ryan McGinley. Заштитно лице на парфемот е актерката Ariane Labed. „Таа ја претставува Chloé жената: модерна, природна, која блеска со непроменлива елеганција.“

За брендот:

Chloé е француска модна куќа, основана од дизајнерката Gaby Aghion во 1952 година. Родена во Египет, Aghion се сели во Париз во 1945 година, каде ја основа Chloé неколку години подоцна. За разлика од формалната облека правена по мерка, која се нудела од модните дизајнери во 50-тите години, Chloé одбира да создава мека облека, погодна за носење, создадена од луксузни ткаенини. Aghion останува со компанијата, се додека истата не е продадена во 1985 година. Серија престижни дизајнери поминале низ компанијата во текот на годините, вклучувајќи ги и Karl Lagerfeld и Stellа McCartney. Првиот мирис на Chloé, истоимениот Chloé, лансиран во 1975 година, е оригинален мирис, кој буди чувство на класика. Компанијата го задржува современиот стил со лансирањето на новата верзија на Chloé во 2008 година, дизајнирана да ги привлече младите жени со модерен вкус. Портфолиото на Chloé се состои од 28 мириси. Најстарото издание е од 1975 година, додека најновото од 2017.

На залиха
30ml50ml75ml
Исчисти
- +
SKU: 843 Категории: , ,

Доплонителни информации

Брендови

Chloe

За Жени

Тоалетни Води

милилитражи

30ml, 50ml, 75ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Chloé Nomade тоалетна вода за жени”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори