40 %

David Beckham Inspired by Respect EDT

820.00 ден1,740.00 ден

За производот:
David Beckham Inspired by Respect е нов машки мирис од брендот David Beckham, претставен во 2018 година како нова верзија на Respect изданието од 2017 година, познато по контрастите на свежи, овошни, зачински и земјени тонови. Inspired by Respect доаѓа во шишенце со ист облик како и неговиот претходник, со тоа што секое од шишенцињата е различно, бидејќи
виолетовиот “чад“, со кој е украсено стакленото шишенце, не се потворува на истиот начин. Зад композицијата на мирисот се потпишува парфимерката JulieCe Karagueuzoglou, која одбрала комбинација од јаки цитрусни ноти и интензивна лаванда за горните ноти. Ароматичниот цитрусен почеток увертира со зачински микс од каранфилче и кардамом, засладени со свеж сок од ананас. Основата допринесува за топлината, но и елеганцијата на мирисот, со комбинацијата од корен од ирис, кедар и Amberextreme молекула која обезбедува сув и дрвенест завршеток.
За брендот:
David Beckham е поранешен англиски фудбалер роден во Лондон. Тој ја започнува својата кариера на 17 годишна возраст, потпишувајќи договор со Манчестер Јунајтед, но дел од својата кариера поминува и како играч на Реал Мадрид. Тој и неговата сопруга, Victoria Beckham, се една од најпознатите двојки во светот. Покрај тоа што го освои светот со неговата
сјајна 20 годишна кариера во фудбал, името на David е доста почитувано и во парфемската индустрија. Тој и неговата амбициозна сопруга имаат заеднички бизнис за создавање машки и женски парфеми, кој досега им има донесено огромно богатство и слава. David Beckham InsSnct е првиот парфем за мажи кој доаѓа од овој познат пар, лансиран во 2005 година. Во
портфолиото на мириси на David Beckham има 31 парфем, а најновото издание е од 2018 година.
Исчисти
SKU: 651 Категории: ,