-31%
DAV CW M INT 19 EDP 75ml
DAV CW M INT 19 EDP 75ml + pack Angle
DAV_CW_M_INGREDIENTS_AMBER_18
DAV_CW_M_INT
DAV_CW_M_INT_19
DAV_CW_M_INT_19_CPS
DAV_CW_M_INT_19_CPS+
DV_CW_INGREDIENTS_GREEN_MANDARIN_18
DV_CW_M_INTENSE_INGREDIENTS_COCO_18

Davidoff Cool Water Intense тоалетна вода за мажи

 

За производот:

Пред точно триесет години, Davidoff го лансираше култниот Cool Water, со кој објави една сосема нова визија. За да го одбележи ова, да го прослави овој култен и препознатлив мирис и да отвори ново поглавје од својата историја, Davidoff одлучи да лансира два сосема нови парфеми – Cool Water Intense за него и за неа. Свежо-ориенталниот мирис на машкиот Cool Water Intense, креиран од парфимерката Annick Menardo, се отвора со свежи ноти на зелена мандарина. Сочна и свежа, таа зрачи со виталност. Пикантната увертира избледува во ноти на кокосова вода која му дава исклучителна привлечност на мирисот. Основата се помешува со ноти на килибар, кои му додаваат сензуалност и интензивност на овој иновативен мирис. Естетиката на Davidoff Cool Water Intense останува верна на Cool Water линијата, чист архитектонски облик за машкото шишенце и сензуална форма на капка вода за женското шишенце. Davidoff Cool Water Intense for Men има темно сина боја која покрај тоа што ја задржува инспирацијата од океанот и природната елеганција, ја нагласува и својата аура на сила и моќ.

За брендот:

Zino Davidoff групацијата претставува фамилијарен бизнис со седиште во Швајцарија, кој покрај мириси, очила, коњак и кафе, произведува и ексклузивни часовници, инструменти за пишување и кожни производи за софистицирана клиентела. Започнувајќи од дизајн, инспирација, па се до изработка, целта е да се обезбеди врвен квалитет и сигурност. Сето тоа е дел од филозофијата за перфекција на DAVIDOFF. Основач на компанијата е Zino Davidoff (1906-1994), софистициран џентлмен, визионер, бизнисмен и ентузијастички патник, кој го истражувал светот за инспирација, секогаш во потрага по супериорен квалитет. Уникатното чувство за квалитет и уметност на DAVIDOFF, е рефлектирано во секој DAVIDOFF мирис. Од лансирањето на првиот мирис во 1984 година, брендот стана еден од најкултните брендови за парфеми, вклучувајќи ги во својата колекција едни од најуспешните мириси некогаш создадени. Брендот DAVIDOFF вклучува 79 мириси во своето портфолио. Најстарото издание е лансирано во 1984 година, додека најновото во 2017 година.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
SKU: 904 Категории , ,
Сподели

Информации

Бренд

За мажи

милилитража

, ,

Категории на Парфеми

Основни ноти

Горни ноти

Ноти во срцевина

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Биди првиот кој ќе го прегледа “Davidoff Cool Water Intense тоалетна вода за мажи”