-40%
davidoff-cww-wave
davidoff-cww-wave-flacetui
DAV_INGREDIENT_COMPO
Davidoff_CW_Wave_Woman_A4

Davidoff Cool Water Wave тоалетна вода за жени

4,730.00 ден 2,840.00 ден

За производот:

Свежото, морско наследство на Davidoff Cool Water мирисите продолжува, со лансирање на ново издание, женската верзија на Cool Water Wave мирисот од 2017 година – Cool Water Wave Woman, кој се лансира ова лето, 2018 година. Мирисот е направен со врска помеѓу жената и океанот како инспирација, создаден да пренесува позитивна енергија, адреналинска возбуда и природна сензуалност. Композицијата на мирисот е креирана од страна на два парфумери – Maia Lernout и Francis Kurkdjian. Енергичните цитруси се помешани со овошен коктел и океански ноти, збогатени со соларни ноти и бели цветови. Горните ноти на мирисот се составени од лимета, јапонска круша и цвет плумерија (frangipani), додека срцевината од морски ноти, Bondi цвет и јасмин sambac. Килибар и дрвенести ноти ја сочинуваат основата на овој свеж мирис. Заштитно лице на оваа извонредна кампања, снимена во рајскиот Тахити, е сурферката и модел Elyse Knowles.

За брендот:

Zino Davidoff групацијата претставува фамилијарен бизнис со седиште во Швајцарија, кој покрај мириси, очила, коњак и кафе, произведува и ексклузивни часовници, инструменти за пишување и кожни производи за софистицирана клиентела. Започнувајќи од дизајн, инспирација, па се до изработка, целта е да се обезбеди врвен квалитет и сигурност. Сето тоа е дел од филозофијата за перфекција на DAVIDOFF. Основач на компанијата е Zino Davidoff (1906-1994), софистициран џентлмен, визионер, бизнисмен и ентузијастички патник, кој го истражувал светот за инспирација, секогаш во потрага по супериорен квалитет. Уникатното чувство за квалитет и уметност на DAVIDOFF, е рефлектирано во секој DAVIDOFF мирис. Од лансирањето на првиот мирис во 1984 година, брендот стана еден од најкултните брендови за парфеми, вклучувајќи ги во својата колекција едни од најуспешните мириси некогаш создадени. Брендот DAVIDOFF вклучува 79 мириси во своето портфолио. Најстарото издание е лансирано во 1984 година, додека најновото во 2017 година.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
SKU: 646 Категории , ,
Сподели

Информации

Бренд

За жени

милилитража

,

Категории на Парфеми

Основни ноти

,

Горни ноти

,

Ноти во срцевина

,

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Биди првиот кој ќе го прегледа “Davidoff Cool Water Wave тоалетна вода за жени”