Davidoff Run Wild тоалетна вода за мажи

2,465.00 ден4,370.00 ден

 

За производот:

Davidoff Parfums не потсетува дека патот назад кон нашата внатрешна природа, минува низ самата природа. Истражувајќи го светот, откривајќи ги неговите убавини и магии, е охрабрувачки. За оние кои знаат да слушаат, природата е неспоредлив водич, бесконечен извор на сила и самодоверба. Новиот Run Wild, ја реафирмира и ја проширува визијата на Davidoff, истражувајќи ги недопрените места на светот. Мешајќи повеќе од шест природни состојки, машкиот Run Wild мирис е ода за дивата и автентична природа. Во срцевината, дивата лаванда од југоисточниот дел на Америка, носи неспоредлива свежина која всушност го креира препознатливиот потпис на парфемот. Ова ултра издржливо растение ја доловува суштината на Run Wild. Во најекстремни климатски услови и во сува почва, тоа успева да расте и да напредува. Малку солено и многу свежо, тоа целосно го обновува концептот на свежина. Оваа извонредна свежина е обликувана со цимет од Мадагаскар. Собран длабоко од внимателно селектирани дрва, овој богат зачин е карактеризиран со уникатни подтонови на килибар. Неговата топла и богата арома совршено ја истакнува свежината на дивата лаванда. Циметот исто така придонесува и за слаткиот квалитет на Davidoff  Run Wild. Моќните состојки во основата, меѓу кои е и балсам од ела, додаваат смел карактер. Скапоцената златна смола, ја симболизира сировата сила и виталната енергија која Run Wild мажите ја црпат од природата.

За брендот:

Zino Davidoff групацијата претставува фамилијарен бизнис со седиште во Швајцарија, кој покрај мириси, очила, коњак и кафе, произведува и ексклузивни часовници, инструменти за пишување и кожни производи за софистицирана клиентела. Започнувајќи од дизајн, инспирација, па се до изработка, целта е да се обезбеди врвен квалитет и сигурност. Сето тоа е дел од филозофијата за перфекција на DAVIDOFF. Основач на компанијата е Zino Davidoff (1906-1994), софистициран џентлмен, визионер, бизнисмен и ентузијастички патник, кој го истражувал светот за инспирација, секогаш во потрага по супериорен квалитет. Уникатното чувство за квалитет и уметност на DAVIDOFF, е рефлектирано во секој DAVIDOFF мирис. Од лансирањето на првиот мирис во 1984 година, брендот стана еден од најкултните брендови за парфеми, вклучувајќи ги во својата колекција едни од најуспешните мириси некогаш создадени. Брендот DAVIDOFF вклучува 79 мириси во своето портфолио. Најстарото издание е лансирано во 1984 година, додека најновото во 2017 година.

На залиха
100ml30ml50ml
Исчисти
- +
SKU: 885 Категории: , ,

Доплонителни информации

Бренд

Davidoff

За мажи

Тоалетни Води

милилитража

100ml, 30ml, 50ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Davidoff Run Wild тоалетна вода за мажи”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори