Davidoff Run Wild парфем за жени

2,465.00 ден4,370.00 ден

За производот:

Davidoff Parfums не потсетува дека патот назад кон нашата внатрешна природа, минува низ самата природа. Истражувајќи го светот, откривајќи ги неговите убавини и магии, е охрабрувачки. За оние кои знаат да слушаат, природата е неспоредлив водич, бесконечен извор на сила и самодоверба. Новиот Run Wild, ја реафирмира и ја проширува визијата на Davidoff, истражувајќи ги недопрените места на светот. Run Wild мирисот за жени, претставува сочна овошно-флорална композиција. Мирисот е инспириран од крем од ф’стак. Оваа брилијантна нота нуди вистинско уникатно искуство. Многу кремава, многу слатка и по малку палава, благодарение на состојката, мирисот евоцира слобода и сензуалност. Кремот од  ф’стак е надополнет со калинка во рубин црвена боја. Ова сочно овошје креира интензивна експлозија од вкусови, додавајќи апетит на квалитетот на кремот од ф’стак. Оваа интензивна овошна увертира, е контрастирана од флорална срцевина. Меѓу нив, јасминот има предност, бидејќи неговиот буен мирис доминира во женскиот Run Wild парфем. Заводливиот бел цвет на одличен начин ја меша сензуалноста и софистицираноста, соодветно прикажувајќи ја врвната природност на мирисот.

За брендот:

Zino Davidoff групацијата претставува фамилијарен бизнис со седиште во Швајцарија, кој покрај мириси, очила, коњак и кафе, произведува и ексклузивни часовници, инструменти за пишување и кожни производи за софистицирана клиентела. Започнувајќи од дизајн, инспирација, па се до изработка, целта е да се обезбеди врвен квалитет и сигурност. Сето тоа е дел од филозофијата за перфекција на DAVIDOFF. Основач на компанијата е Zino Davidoff (1906-1994), софистициран џентлмен, визионер, бизнисмен и ентузијастички патник, кој го истражувал светот за инспирација, секогаш во потрага по супериорен квалитет. Уникатното чувство за квалитет и уметност на DAVIDOFF, е рефлектирано во секој DAVIDOFF мирис. Од лансирањето на првиот мирис во 1984 година, брендот стана еден од најкултните брендови за парфеми, вклучувајќи ги во својата колекција едни од најуспешните мириси некогаш создадени. Брендот DAVIDOFF вклучува 79 мириси во своето портфолио. Најстарото издание е лансирано во 1984 година, додека најновото во 2017 година.

На залиха
30ml50ml100ml
Исчисти
- +
SKU: 884 Категории: , ,

Доплонителни информации

Брендови

Davidoff

За Жени

Парфеми

милилитражи

30ml, 50ml, 100ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Davidoff Run Wild парфем за жени”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори