dg-intenso
dolce__gabbana_pour_homme_intenso

Dolce&Gabbana Intenso парфем за мажи

4,610.00 ден

За производот:

Новиот мирис од Dolce&Gabbana  Intenso EDP претставува ново рафинирано издание од Dolce&Gabbana  Pour Homme од 2012 година. На пазарот се појавува зимата 2014 година. Intenso  е ароматичен, дрвенест мирис кој се истакнува со елеганција и претставува контраст меѓу чисти, свежи, богати и топли ароми. Најавен е како мирис со чист инстинкт и моќна емоција која слободно се изразува, мирис за одлучен човек, истовремено традиционален и модерен. Композицијата се отвара со свежи водени ноти и зелени нијанси од босилок и лаванда. Нови акорди во светот на парфемите се наоѓаат во Моепел дрвото од Јужна Африка, кои го сочинуваат срцето на парфемот со своите луксузни , цветни, балзамични и медни акценти. Содржи и акорд од тутун. Интензитетот и силата на композицијата доаѓаат од базата од лабданум, сандаловина и чемпрес.

За брендот:

Dolce & Gabbana е италијанска луксузна модна куќа, основана во 1985-тата година од страна на италијанските дијзанери Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Тие се сретнуваат во Милано во 1980 година каде тоа време дизајнираат и работат како асистенти за модниот дизајнер Giorgio Correggiari. По неколку години работа како колеги, во 1982 даваат отказ и отвораат свое дизајнерско консултантско студио, каде се уште дизајнирале за други брендови се додека не го основаат нивниот. Три години подоцна, во 1985 година во Милано е основан брендот Dolce & Gabbana, а истата година тие ја претставуваат и својата прва женска колекција. Првиот парфем на брендот е Dolce&Gabbana Pour Femme, кој е наречен еден од најдобрите парфеми претставени во последните 20 години. Синоним за италијанскиот гламур и сицилијанската традиција, Dolce & Gabbana нуди луксуз на еден модерен и неконвенционален начин, комбинирајќи ја силната иновација со медитеранскиот вкус. Dolce & Gabbana го преточува гламурот од нивните колекции на пистите, во сензуални мириси, црпејќи инспирација од медитеранските корени на брендот.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
SKU: 950 Категории , ,
Сподели

Информации

Бренд

За мажи

милилитража

Категории на Парфеми

Основни ноти

, , ,

Горни ноти

, , ,

Ноти во срцевина

,

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Биди првиот кој ќе го прегледа “Dolce&Gabbana Intenso парфем за мажи”