-30%
90606345_Made to Measure EDT 90 ml_tif_dl_Flacon
90606563_Made to Measure EDT 90 ml_tif_dl_IN+OUT

Gucci made To Measure тоалетна вода за мажи

3,395.00 ден4,480.00 ден

Gucci Made To Measure е ориентално зачинет мирис создаден за да остави траен впечаток. Мирисот е создаден како Made To Measure костумот, секој акорд и состојка се дел од текстура и структура, создавајќи една целина која претставува хармонија од детали. Берено анисово семе, дестилиран Туниски цвет од портокал и најдобриот Калабриски бергамот се составен дел од топ нотите. Мирисот во срцевината е електричен со раскошно зачинета текстура од пикантни ноти на смрека, морско оревче од Шри Ланка и вкусна слива. Килибарните ноти и прочистениот Андалузиски цитрон се искомбинирани за да создадат непогрешливо софистицирана база на мирисот. Сите состојки заедно се знак за префинетост, егзотичност и луксуз.

За брендот:

Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожа и до почетокот на шеесеттите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во 1974 година,а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
Сподели

Информации

Бренд

За мажи

милилитража

,

Прегледи

There are no reviews yet.

Be the first to review “Gucci made To Measure тоалетна вода за мажи”