Gucci Memoire d’une Odeur парфем за мажи и жени

4,270.00 ден6,960.00 ден

За производот:

За најновото лансирање на Gucci, италијанската куќа одлучи да се движи повеќе во универзална насока. Gucci Mémoire d’une Odeur, третиот официјален мирис создаден под креативната насока на Alessandro Michele, е исто така и неговиот прв родово-неутрален парфем, парфем наменет за мажи и за жени. Мирисниот профил на Gucci Mémoire d’une Odeur се состои од: горни ноти на камилица од Рим, ноти на индиски јасмин – ексклузивна состојка на Gucci набрана во Индија со помош на мастер парфимерот Alberto Morillas, како и ноти на ванила, мошус и сандалово дрво во основата. Парфемот е инспириран од способноста на мирисот да активира спомен и да ве врати назад во времето. Alessandro Michele открил старо шишенце од парфем Gucci, па токму тоа го инспирирало за дизајнот на новиот Gucci Mémoire d’une Odeur. Со форма на антички столб, шишенцето прикажува рафинирана силуета во тешко стакло во светло зелена боја и капаче во златна боја. Симболизирајќи ѕвездено небо, кутијата на парфемот е декорирана со прекрасен небесен свод, инспириран од сликите на римските и готски цркви од средниот век и ренесансата во Европа. Оваа посебна шара потсетува на фреските на Giotto во капелата Scrovegni во Падова.

За брендот:

Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожа и до почетокот на шеесеттите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во 1974 година,а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.

На залиха
100ml40ml60ml
Исчисти
- +

Доплонителни информации

Бренд

Gucci

За мажи

Парфеми

За жени

Парфеми

милилитража

100ml, 40ml, 60ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Gucci Memoire d’une Odeur парфем за мажи и жени”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори