Lacoste L’Homme Intense

3,795.00 ден6,155.00 ден

За производот:

Новиот мажествен мирис кој ни доаѓа од Lacoste – Lacoste L’Homme Intense, е лансиран во август 2018 година и доаѓа како поинтензивна и подлабока верзија на оригиналниот Lacoste L’Homme од 2017 година, креиран од страна на парфимерот Michael Girard. Оваа парфемска линија на Lacoste го доловува и прикажува препознатливиот стил на Lacoste мажот, вметнувајќи го препознатливиот крокодил како украс на шишенцето, амблемот на брендот. Горните ноти на оваа поинтензивна верзија содржат рабарбара, дуња, мандарина и портокал. Срцевината е составена од ѓумбир, бибер, јасмин и бадем, додека основата ја градат ноти на кедрово дрво, Akigala дрво, килибар, мошус, ванила и циприол. Овој пат шишенцето е непроѕирно и е обоено во темно сина боја, украсено со логото на брендот во сребрена боја.

За брендот:

Брендот го носи името по неговиот основач, Rene Lacoste. Тој своевремено бил тенисер, освојувајќи бројни титули вклучувајќи Олимписки медал и 7 Грен Слем шампионати. Неговата страст кон тенисот била огромна. Во 1933 година Rene Lacoste ја создава популарната поло маичка позната како L.12.12, каде што L е кратенка за Lacoste, 1 е референца за најдобриот материјал – ,,petit pique”, 2 го претставува бројот на кратки ракави и 12 е бројот на прво произведените прототип маички пред финалното производство. Денес овие поло маички се најпрепознатливи, а на нив им се приклучија и мирисните линии од Lacoste – заедно сочинувајќи ја L.12.12 колекцијата.

Исчисти
SKU: 768 Категории: ,