40 %
40 %
40 %

Lacoste Pour Femme Intense EDP

1,740.00 ден3,290.00 ден

За производот:

Спортско-елегантниот женски мирис од 2003 година, Lacoste Pour Femme, ја добива својата потопла интензивна интерпретација во 2018 година, по лансирањето на Eau de Parfum Légère верзијата во 2017. Според официјалниот опис, Lacoste Pour Femme Intense ја претставува суштината на космополитската жена и нејзината уникатна елеганција.
Новата композицијата е цветна, кадифеста и дрвенеста. Инспирирана е од ставот на силна личност без ароганција,  комбинација од нежност и сила, самоувереност и елеганција. Горните ноти содржат суптилна арома на карамела, што воедно ја претставува и бојата на пакувањето. Цветната срцевина е составена од цветните ноти на бугарска роза, како што има и оригиналниот мирис, како и ноти на хималајски кедар и сандалово дрво во основата. Зад овој мирис стои парфумеристот Olivier Cresp.

 

За брендот:

Брендот го носи името по неговиот основач, Rene Lacoste. Тој своевремено бил тенисер освојувајќи бројни титули вклучувајќи Олимписки медал и 7 Гренд Слем шампионства. Неговата страст кон тенисот била огромна. Во 1933 година Rene Lacoste ја создава популарната поло маичка позната како L.12.12, каде што L е кратенка за Lacoste, 1 е референца за најдобриот матријал – ,,petit pique”, 2 го претставува бројот на кратки ракави и 12 е бројот на прво проиведените прототип маички пред финалното производство. Денес овие поло маички се најпрепознатливите, а на нив им се приклучија и мирисните линии од Lacoste – заедно сочинувајќи ја L.12.12 колецијата.

Исчисти
SKU: 584 Категории: , ,