Marc Jacobs Daisy Love

3,470.00 ден6,000.00 ден

За производот:

Marc Jacobs претставува нов мирис наменет за новата генерација млади, кој ја следи традицијата на младешкиот парфем Daisy од 2007 година. Новиот Daisy Love, најавен како воодушевувачки и привлечен мирис за милениалците, е лансиран во април 2018 година, а е креиран од парфумерот Alberto Morillas, кој исто така стои и зад оригиналниот мирис. Daisy Love е свеж флорален мирис, кој се отвора со овошни ноти и дрвенесто-мошусна основа. Во горните ноти има овошни ноти од бобинка наречена Cloudberry (Rubus chamaemoru). Цветната срцевина на мирисот содржи ноти од маргарита дрво (Scalesia pedunculata), додека основата суви дрва и кашмирест мошус. Заштитно лице на кампањата е Kaia Gerber, ќерка на славната манекенка Cindy Crawford, заедно со младите модели Aube Jolicoeur и Faith Lynch.

За брендот:

Marc Jacobs е американски моден дизајнер, роден на 9-ти април 1963 година. Како студент, благодарение на својот талент, Marc добива две Gold Thimble награди и награда за студент-дизајнер на годината. Тој исто така додека е се уште студент, ја создава и продава неговата прва линија на плетени џемпери. Во 1986 година, Jacobs ја претставува својата прва колекција со Marc Jacobs етикета, која го носи до друга награда, Perry Ellis наградата за нов моден талент. Jacobs се придружува кон Perry Ellis компанијата во 1988 година, а ја напушта во 1993. Jacobs се приклучува на Louis Vuitton како креативен директор во 1997 година и ја лансира неговата прва колекција подготвена за носење. Во 2001 година, Marc Jacobs во соработка со Coty, започнува да нуди и мириси. Првиот креиран мирис е Marc Jacobs for Women, проследен со Marc Jacobs for Men, лансиран во 2002 година. Неговиот популарен женски мирис Daisy, е лансиран во 2007 година и инспирира серија изданија потоа. Дизајнерот Marc Jacobs брои 76 парфеми во своето портфолио на мириси. Најстариот е лансиран во 2001 година, додека најновиот во 2017.

Исчисти
SKU: 638 Категории: ,