- 30%

Marc Jacobs Divine Decadence парфем за жени

2,870.00 ден5,510.00 ден

Marc Jacobs го претстави Decadence во 2015 година, како неговиот прв “зрел“ мирис, кој отсликува сексипил и софистицираност. Новата, послаба верзија на овој парфем, излезе во септември 2016 година како Divine Decadence. „Decadence е начин на живот, и стил. Тој е привлечен и не можете да се насладите од него. Девојката не е природно декадентна, таа одбира да биде декадентна“. Divine Decadence е блескав, луксузен и сензуален цветен мирис. Нова страна на гламурот и луксузот е доловена со горните ноти од шампањско, бергамот и цвет од портокал. Богатото цвеќе, во кое се вклучени и гарденија, хортензија и растението орлови нокти, носат раскошна женственост, додека течниот килибар, шафран и ванила во основата, придонесуваат за светкавата текстура на мирисот.

За брендот:

Marc Jacobs е американски моден дизајнер, роден на 9-ти април 1963 година. Како студент, благодарение на својот талент, Marc добива две Gold Thimble награди и награда за студент-дизајнер на годината. Тој исто така додека е се уште студент, ја создава и продава неговата прва линија на плетени џемпери. Во 1986 година, Jacobs ја претставува својата прва колекција со Marc Jacobs етикета, која го носи до друга награда, Perry Ellis наградата за нов моден талент. Jacobs се придружува кон Perry Ellis компанијата во 1988 година, а ја напушта во 1993. Jacobs се приклучува на Louis Vuitton како креативен директор во 1997 година и ја лансира неговата прва колекција подготвена за носење. Во 2001 година, Marc Jacobs во соработка со Coty, започнува да нуди и мириси. Првиот креиран мирис е Marc Jacobs for Women, проследен со Marc Jacobs for Men, лансиран во 2002 година. Неговиот популарен женски мирис Daisy, е лансиран во 2007 година и инспирира серија изданија потоа. Дизајнерот Marc Jacobs брои 76 парфеми во своето портфолио на мириси. Најстариот е лансиран во 2001 година, додека најновиот во 2017.

На залиха
100ml30ml50ml
Исчисти
- +
SKU: 524 Категории: , ,

Доплонителни информации

Бренд

Marc Jacobs

За жени

Парфеми

милилитража

100ml, 30ml, 50ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Marc Jacobs Divine Decadence парфем за жени”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори