Roberto Cavalli Florence Amber парфем за жени

3,235.00 ден4,575.00 ден

За производот:

Roberto Cavalli кон крајот на 2017 година лансираше нов парфем и нова парфемска линија наречена Florence. Колекцијата е посветена на корените на модната куќа, инспирирана од тосканските пејзажи. Првата едиција на Florence е лансирана на почетокот на 2019 година наречена Florence Amber. Florence Amber како и оригиналот, креиран е од страна на парфимерката Marie Salamagne. Лимитираното издание ја прикажува уникатната харизма на Фиренца и ја трансформира во извонреден и заводлив мирис. Обоен во златна боја, за мирисот се вели дека воодушевува со својата сензуалност и ултимативна женственост. Roberto Cavalli Florence Amber го задржува истиот елегантен облик на шишенце како и неговиот претходник. Мотивите кои го красат шишенцето потсетуваат на традиционалната италијанска изработка на стакло. Жолтата нијанса го рефлектира мирисот кој потсетува на течна светлина. Мирисот го красат горни ноти составени од лимон, мандарина и чемпрес, а срцевината воодушевува со ноти на дуња, гарденија и кашмир. Композицијата се завршува со основата во која доминираат нотите на мед и пачули.

За брендот:

Roberto Cavalli е италијански моден дизајнер, познат по дизајнираната секси облека и анималистички принтови. Роден во 1940 година со уметнички корени, Cavalli студира уметност, поточно текстилно печатење, вештина која ќе се покаже како многу вредна во неговата идна модна кариера. Cavalli разива специјална техника за печатење на кожа, создавајќи уникатни дизајни. Неговите иновации во принтот на кожа го привлекуваат вниманието во модниот свет, па во 1970 година во Париз ја претставува својата прва колекција подготвена за носење. До 1972 година, го отвора и својот прв бутик во Сен Тропе, каде Брижит Бардо му помага во популаризирање на неговата облека. Денес, брендот се продава во повеќе од 50 држави низ светот. Cavalli нуди машка облека, долна облека, додатоци, вотка и парфеми. Првиот парфем, Roberto Cavalli for Women е лансиран во 2002 година. Дизајнерот Roberto Cavalli има 38 парфеми во својата колекција. Најраното издание е лансирано во 2002 година, а најновото во 2017.

На залиха
30ml50ml75ml
Исчисти
- +
SKU: 838 Категории: , ,

Доплонителни информации

Брендови

Roberto Cavalli

За Жени

Парфеми

милилитражи

30ml, 50ml, 75ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Roberto Cavalli Florence Amber парфем за жени”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X