НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Ве замолуваме да ги прочитате сите чекори за правење нарачка на нашата веб продавница.

За да направите нарачка на нашата веб продавница, не е неопходно, но е препорачливо да се регистрирате, со цел да го забрзате процесот на нарачување и да не мора секогаш да ги пополнувате сите полиња пред да ја креирате вашата нарачка.

Доколку се одлучите за регистрација како прв чекор

Регистрацијата е брза и едноставна, со притискање на копчето „Регистрирај се“, кое се наоѓа во полето „Мој профил“ во горниот десен агол на почетната страница. Во прозорчето кое ќе ви се прикаже, потребно е да кликнете на „Креирај профил“ и да ја наведете својата e-mail адреса, како и лозинка која би ја користеле за логирање. Како потврда за успешна регистрација, ќе ви биде испратен e-mail.

НАПОМЕНА! По успешна регистрација, преземате одговорност за зачувување на тајноста на својата лозинка и сите активности кои ќе ги преземете со ваш налог.

Логирање

Доколку сакате да пристапите со свој налог од некој друг компјтер, потребно е да се пријавите (логирате). Со притискање на копчето „Мој профил“ и „Логирај се“  се отвора прозорче во кое е потребно да ја внесете вашата e-mail адреса со која сте се регистрирале и лозинката која ја имате креирано при регистрацијата. Потоа можете да продолжите со купување.

Доколку се случи да ја заборавите вашата лозинка, кликнете на „Ја заборавивте лозинката?“ и следете ги упатствата.

Избор на производи

Производите се организирани по брендови, кои можете да ги прегледате со клик на „Брендови“ на почетната страница или доколку барате нешто конкретно, со впишување на дел од називот на производот во полето „Пребарувај“, кое се наоѓа најгоре на почетната страница. Сите производи се информативно прикажани со фотографија, која може да ви послужи како основна информација за изгледот на производот. Напоменуваме дека фотографијата на производите е информативна и дека не можеме да гарантираме дека безусловно верно го прикажува изгледот на производот кој сакате да го нарачате. Доколку имате некакви дополнителни прашања за некој производ, можете да нѐ побарате и на нашиот телефонски број (наведен најдолу на почетната страница) или со посета на некое од нашите продажни места (наведени во „Контакт“ најдолу на почетната страница). Откако ќе го пронајдете производот кој сакате да го нарачате, притиснете го копчето „Во кошничка“. Со тоа производот е ставен во вашата кошничка (исто како во класична продавница). Можете да продолжите со разгледување на други производи и додавање на други производи во кошничката.

НАПОМЕНА! Ве известуваме дека купувањето за лична потреба го сметаме купувањето до 5 парчиња од еден ист артикл. Во спротивно, Elixir го задржува правото да ја одбие нарачката на поголема количина од еден ист артикл.

Кошничка

Доколку завршивте со додавање производи во кошничка и сакате да ги нарачате, одберете ја иконата со кошница најгоре во десниот агол. Во кошницата можете да наведете колку парчиња од еден производ сакате, или доколку се предомисливте во врска со некој од нив, производот можете да го отстраните од кошницата со притискање на знакот „X“ лево од производот. Ве известуваме дека купувањето за лична потреба го сметаме купувањето до 5 парчиња од еден ист артикл. Во спротивно, Elixir го задржува правото да ја одбие нарачката на поголема количина од еден ист артикл. Кошницата е почетниот чекор во креирање на нарачката. Кога ќе бидете задоволни со содржината на кошницата, продолжете понатаму на следниот чекор.

Внесување на податоци за нарачка и место на испорака

Во овој чекор, потребно е да наведете податоци за достава, доколку претходно не сте регистрирале адреса на која е потребно да се испорача нарачката. Податоците за местото на испорака се податоци за адресата на која сакате да ја преземете вашата нарачка. Ве молиме сите податоци да ги наведете што попрецизно, со цел курирот кој ја доставува нарачката да може лесно да ве пронајде. Во случај на неисправно внесени податоци, може да дојде до поврат на вашата нарачка и оддолговлекување на процесот на испорака.

Начин на плаќање

Плаќањето на нарачката се врши со платежна картица или пак во готовина, при достава на нарачката.

  1. Доколку плаќањето сакате да го направите со платежна картица, тоа можете да го направите со помош на VISA, Maestro или MasterCard, под услов картичката да поддржува плаќање преку интернет (можете да проверите со банката која ви ја издала картичката). Плаќањето со картичка се одвива на безбеден и сертифициран начин, така што ќе ги внесете податоците од платежната картичка, а потоа ќе го потврдите плаќањето во полињата наменети за тоа, на страницата за плаќање.

На основа на потврдата за плаќање, банката ја авторизира трансакцијата и со тоа вашата нарачка е одобрена, што значи дека влегува во процес на подготовка за испорака. Износот на нарачката во тој момент е резервиран на вашата картичка (сметка) и нема да биде расположлив за друга намена.

  1. Плаќањето во готово е можно при достава на нарачката, на претставник на курирската служба ЕЛС (Еко Логистик Сервис).

Место и време на испорака

Нарачаните производи ги доставуваме со помош на курирската служба ЕЛС (Еко Логистик Сервис), на адресата која сте ја назначиле во својата нарачка, во рок од 72 часа. Исклучок на ова се нарачките направени за време на викенд (петок попладне, сабота и недела), како и празници, при што истите се доставуваат во рок од 72 часа, броејќи од првиот работен ден по викендот или празникот.

Преглед и потврда на нарачка

На крајот, пред да ја потврдите нарачката, можете уште еднаш да ги проверите нејзините детали: што сте нарачале, адресата за испорака, износот на нарачката, трошокот за достава, како и меилот за потврда. Доколку се согласувате, одберете ја опцијата „Направете нарачка“. На регистрираниот меил ќе ви пристигне автоматизирана порака со потврда и број на нарачка. Во случај на системска грешка, ќе бидете контактирани од страна на некој од нашите вработени.

Доколку вредноста на вашата нарачка изнесува повеќе од 3000 денари, доставата е бесплатна, додека за нарачките под 3000 и во вредност од точно 3000 денари, истата чини 150 денари.

За статус на вашата нарачка, евентуални проблеми и дополнителни прашања, ќе ве замолиме да ни се обратите во порака со бројот на нарачката, на следниов e-mail: m.nikolovska@eliksir.com.mk или пак на телефонски број: 071 386 388

Доколку сакате да искористите попуст со промо код, тоа можете да го направите со внесување на кодот во полето „Купон код“ откако ќе го ставите производот во кошничка. Доколку кодот е активен, истиот сам ќе го искалкулира попуст во кошница. За да ја довршите вашата нарачка, кликнете на „Продолжи кон наплата“.

Доколку не добивте меил за потврда во вашето излезно сандаче, ќе ве замолиме да го проверите и junk/spam сандачето. Во случај да немате меил воопшто, тогаш многу е веројатно дека вашата нарачка не е пристигната и евидентирана во нашиот систем. Доколку не сте сигурни дали е направена, можете да нѐ контактирате и да проверите.

Да, нудиме опција за виткање на производите од вашата нарачка. Можете да ни пишете детали во коментар во полето „Белешки за нарачката“ (најдолу под „Детали за нарачката“) или пак да нѐ побарате на нашиот контакт број, при што вашата нарачка ќе биде внимателно спакувана според вашата желба.

Можност за враќање на некој производ постои, но само ако производот не е отворен и користен. Секако за поврат потребна е да се приложи и фактурата која ја добивате во нарачката. Доколку сте од Скопје, повратот можете да го направите во некое од нашите продажни места, во спротивно ќе биде исконтактирани од одговорно лице, со цел детали за процесот на поврат. Средствата од вратениот производ ќе ви бидат вратени на вашата трансакциска сметка по приложување на истата.