Acqua Dell’Elba спреј мирис за просторија Giardino degli Aranci 100ml
Богати зелени лози се искачуваат по отворените порти, додека изобилство дрвја од портокал и лимон се наредени на секоја пешачка патека. Ова е убавината на Giardino degli Aranci – мирис кој ги доловува мирисите на овие магични цитрусни градини исполнети со портокали, мирта и јасмин.
За брендот:
Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортира до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Тоа се глетките, звуците и мирисот на ова сакано место кои служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba – Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и нејзиниот зет Марко (Marco) – сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој, преку своите мириси, ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени, кои живеат на островот.
- Опис
- За брендот
Опис
Богати зелени лози се искачуваат по отворените порти, додека изобилство дрвја од портокал и лимон се наредени на секоја пешачка патека. Ова е убавината на Giardino degli Aranci – мирис кој ги доловува мирисите на овие магични цитрусни градини исполнети со портокали, мирта и јасмин. Спокојството на попладневните часови, прошетките меѓу цитрусите и длабоката врска со природата, Giardino degli Aranci е соединување на релаксирачка свежина, во која доминираат сочните, богати ноти на портокал. Неговата сладост се меша со ароматичните примеси на мирта и арбутус, кои отвораат патеки низ густите медитерански грмушки. Ода за Медитеранот и бесконечната убавина на неговите пејзажи, каде сонцето ја бакнува земјата, создавајќи моменти на чиста магија.
ГРУПА НА МИРИС:
Цитрусен
МИРИСНИ НОТИ:
Портокал, мирта, јасмин, арбутус и дрвенести ноти на медитерански грмушки.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Практичен освежувач на простории во спреј, кој инстантно ги елиминира непријатните мириси и брзо го враќа чувството на свежина во просторијата. Совршен за чување на дофат на рака, подготвен за употреба, да им се спротивстави на мирисите од готвењето,чад и застоен воздух во затворени простории.
Идеален за користење во затворени простории како што се, лифт, бањи итн.
Не прскај директно на површини или облека.
Може да се комбинира со собен дифузер или свеќа од истиот мирис за засилување на мирисот.
Концентрација:
10-20% есенцијални масла
80-90% алкохол
Acqua Dell'Elba
Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортираат до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Глетките, звуците и мирисот на ова сакано место служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba се Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и Марко (Marco), сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој преку своите мириси ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени кои живеат на островот.





