Acqua Dell’Elba спреј мирис за просторија Brezza di Mare 100ml
Brezza di Mare – морско ветре на италијански и тивката смиреност што ја чувствуваш кога сè што гледаш е водата пред тебе, хармонијата доловена во овој свеж мирис што ја исполнува просторијата со ноти од камилица, морски алги и јасмин.
За брендот:
Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортира до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Тоа се глетките, звуците и мирисот на ова сакано место кои служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba – Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и нејзиниот зет Марко (Marco) – сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој, преку своите мириси, ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени, кои живеат на островот.
- Опис
- За брендот
Опис
Brezza di Mare – морско ветре на италијански и тивката смиреност што ја чувствуваш кога сè што гледаш е водата пред тебе, хармонијата доловена во овој свеж мирис што ја исполнува просторијата со ноти од камилица, морски алги и јасмин. Во секоја соба нежно ќе го чувствуваш мирисот на летно галење, носејќи го со себе синилото на кристално чистите води и ветрето што го освежува брегот. Brezza di Mare е портрет на медитеранското лето, ослободувајќи облак од свежи ноти во воздухот. Деликатната морска камилица, живата енергија на морските алги, острата свежина на лимонот, етеричната елеганција на јасмин и интензитетот на медитеранските билки, те кани да ги затвориш очите и да го слушнеш гласот на морето каде и да си.
ГРУПА НА МИРИС:
Морски
МИРИСНИ НОТИ:
Камилица, морски алги, лимон, јасмин и ноти од медитерански цветни грмушки.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Практичен освежувач на простории во спреј, кој инстантно ги елиминира непријатните мириси и брзо го враќа чувството на свежина во просторијата. Совршен за чување на дофат на рака, подготвен за употреба, да им се спротивстави на мирисите од готвењето,чад и застоен воздух во затворени простории.
Идеален за користење во затворени простории како што се, лифт, бањи итн.
Не прскај директно на површини или облека.
Може да се комбинира со собен дифузер или свеќа од истиот мирис за засилување на мирисот.
Концентрација:
10-20% есенцијални масла
80-90% алкохол
Acqua Dell'Elba
Добредојде во Acqua dell’Elba – занаетчиска колекција на мириси кои веднаш те телепортираат до еден од најнезаборавните и најубави места на Земјата – островот Елба.
По својата убавина често се нарекува бисер на Тосканскиот архипелаг, овој древен остров е познат по планините богати со минерали, цвеќиња, цитрусните овошја и медитерански грмушки кои растат низ целиот остров и секако тиркизно-зеленото море што го опкружува. Глетките, звуците и мирисот на ова сакано место служат како единствена инспирација за колекцијата на Acqua dell’Elba мирисите, мирисите за тело, како и мирисните производи за бања и дом. Основачите на Acqua dell’Elba се Фабио Мурзи (Fabio Murzi), неговата сестра Кјара (Chiara) и Марко (Marco), сите родени и израснати на Елба. Уште од детството, нивната заедничка мисија била да создадат соодветно наследство за местото што го сакаат. Од оваа длабока страст за својата татковина, триото го создаде Acqua dell’Elba, современ бренд со седиште во Тоскана кој преку своите мириси ја слави богатата историја и природната убавина на Елба. Секој мирис од колекцијата на Acqua dell’Elba е направен на Елба, во сопствените лаборатории и фабрики и од талентирананиот тим на вработени кои живеат на островот.





