Нема на залиха
Ajmal Nomad Noir Eau de parfum for men
1.620,00 ден
Nomad Noir од Ajmal е парфем за мажи со дрвенести ноти на лаванда. Слушни го повикот и качи се на смело и авантуристичко патување. Нотите на бергамот и розев бибер се помешани со ноти на кардамом, кои го поставуваат тонот за почетокот на епското патување кон откривање. Во срцевината ќе нурнеш во хербалната комбинација од нане, морско оревче, лаванда и свеж лист од темјанушка, споени со овошна доза ананас. Зачадена трага од гвајак дрво и кедар се спојува со ванила и килибар. Богатата композиција е совршено доловување на нескротливиот дух на модерниот маж, кој е секогаш подготвен за следниот предизвик.
- За брендот
Ajmal
Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.





