Нема на залиха
Armani Privé Vert Malachite Eau de Parfum
Price range: 17.390,00 ден through 24.700,00 ден
Скапоцен и цветен бисер на елеганцијата и женственоста.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Откријте нежен, опоен цветен мирис што ги одразува живописните и бескрајни руски предели, каде нов минерален сјај го нагласува сензуалниот и раскошен бел крин – VERT MALACHITE од Armani/Privé.
Двојката мириси VERT MALACHITE и ROUGE MALACHITE претставуваат омаж на Русија – земја што за Giorgio Armani е длабок извор на инспирација и емоција. VERT MALACHITE ја доловува природната широчина и величествената пространост на овие импресивни предели преку современа интерпретација на белиот цвет, претставен како руски скапоцен камен.
Во овој нежен и прецизно избалансиран цветен мирис, истовремено свеж и опоен – кринот и белите цветови се испреплетуваат со есенции од горчлив портокал и ванила, создавајќи богат и светол акорд што совршено се движи меѓу цветните и зачинските ноти.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.








