Biotherm Aquasource+ Electrolyte Nutri Cream 72 часовна хидратантна крема за подобрување на контурите на лицето, очите и усните

3.780,00 ден

Погледни кошничка
SKU: 3614274506433-1
Обезбедува 72 часовна¹ потхранувачка хидратација за лице, пределот околу очите и контурите на усните, враќајќи ѝ на кожата исполнет изглед како пред 10 години², а притоа нуди леснотија на гел, збогатен со електролити и полиглутаминска киселина.
¹Инструментален тест, 28 испитаници.
²Инструментален тест на 40 испитаници, 15 минути по првата употреба.

Рок на употреба (од отварање) 12 месеци

 

Опис

Инспириран од хидратацијата во фитнесот, Aquasource+ Electrolyte Nutri Cream е лесна хидратантна крема формулирана да обезбеди интензивна нега и долготрајна хидратација, а погодна е дури и за употреба околу очите и усните. Збогатена е со мешавина од електролити од 3.500mg и мешавина од 1.500 mg¹ што содржи полиглутаминска киселина, витамин Б3, хијалуронска киселина и сквалан. Оваа формула ѝ помага на кожата да изгледа полна и еластична, како пред 10 години². Електролитите се 1.000 пати помали од хијалуронската киселина³, што овозможува формулата да остане лесна и брзо да се апсорбира во кожата, вклучително и во пределот околу очите и усните. Клиничките студии покажуваат видливи подобрувања во тонусот на кожата (+29%) и еластичноста (+14%) по само 4 часа⁴, додека 9 од 10 жени ја оцениле текстурата како исклучително лесна⁵.

¹ Применливо за пакување од 50ml.
² Инструментален тест на 40 испитаници, 15 минути по нанесувањето.
³ Просечни електролити во споредба со хијалуронска киселина со голема молекуларна маса.  
⁴ Инструментален тест на 40 испитаници по 4 часа. 
⁵ Самооценувачки тест на 60 испитаници по 4 недели. 

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси ја Aquasource+ Electrolyte Nutri Cream секое утро и/или вечер на чиста кожа.

Како да ја користиш:
ЧЕКОР 1: Истисни количина во дланката со големина на паричка.
ЧЕКОР 2: Нежно истапкај и рамномерно распореди ја кремата по образите, челото и брадата.
ЧЕКОР 3: Со домалиот прст нежно истапкај ја кремата околу контурите на очите и усните како би помогнала во исполнување на фините линии на овие чувствителни подрачја.
ЧЕКОР 4: Преоснатата крема измазни ја од средината на лицето кон линијата на косата и вратот, користејќи движења кон горе.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Може да предизвика иритација на очите.

Biotherm

Biotherm е премиум бренд за нега на кожа познат по својата комбинација на напредна биотехнологија и природни состојки. Инспириран од моќта на водата и термалните извори, брендот создава производи збогатени со Life Plankton™, уникатна состојка со смирувачки и регенерирачки својства. Biotherm нуди ефикасна нега за лице и тело, со лесни текстури, свежо чувство и формули кои ја хидрираат, заштитуваат и ревитализираат кожата.

AQUA / WATER / EAU, HORDEUM VULGARE STEM WATER,GLYCERIN, SQUALANE, DICAPRYLYL CARBONATE, AMMONIUM POLYACRYLOYLDIMETHYL TAURATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER / SHEA BUTTER, BISABOLOL, POTASSIUM PCA, NIACINAMIDE, CALCIUM PCA, SODIUM HYALURONATE, SODIUM POLYGLUTAMATE, HYDROXYACETOPHENONE, CAPRYLYL GLYCOL, VITREOSCILLA FERMENT, CITRIC ACID, TRISODIUM ETHYLENEDIAMINE DISUCCINATE, BIOSACCHARIDE GUM-1, MALTODEXTRIN, XANTHAN GUM, OCTYLDODECANOL, TOCOPHEROL, SODIUM BENZOATE, CI 19140 / YELLOW 5, LINALOOL, LINALYL ACETATE, PINENE, LIMONENE, CITRAL, CITRUS AURANTIUM PEEL OIL, CITRUS LIMON PEEL OIL, CARVONE, PARFUM / FRAGRANCE