Biotherm Homme Force Supreme Eye Architect зацврстувачки серум против брчки за пределот околу очите 15мл

4.380,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3605540936931

Пределот околу очите, како најтенка област на кожата на лицето, открива многу работи за мажот како и за неговиот животен стил. Biotherm Homme е светски лидер во создавањето на креми за мажи кои имаат за цел да ги отстранат знаците на стареење. Со Force Supreme серумот за очи се измазнуваат брчките, се намалуваат темните кругови и подуеноста под очите. Оваа формула блиска на кожата која длабоко продира и брзо се впива се состои од комбинација на 3 активни состојки: екстракт од сини алги, Pro-Xylane ™ и Life Plankton ™ со својства на обновување и зацврстување. За само 4 недели брчките се намалуваат, темните кругови избледуваат, се смалува подуеноста во зоната на очите.

Начин на употреба:

Користете го секое утро и / или вечер по потреба. Користете го ладниот апликатор за лесно и прецизно нанесување. Со нежни движења масирајте го пределот околу очите за зајакнување на микро циркулацијата.

Biotherm

Biotherm е премиум бренд за нега на кожа познат по својата комбинација на напредна биотехнологија и природни состојки. Инспириран од моќта на водата и термалните извори, брендот создава производи збогатени со Life Plankton™, уникатна состојка со смирувачки и регенерирачки својства. Biotherm нуди ефикасна нега за лице и тело, со лесни текстури, свежо чувство и формули кои ја хидрираат, заштитуваат и ревитализираат кожата.