Biotherm Homme Aquapower Facial Cleanser освежувачки гел чистач со формула со двојно дејство 125мл

2.210,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3605540600849

Ултра-прочистувачки и освежувачки гел за миење лице за сите типови кожа.

 

Опис

Што е уникатно за него: Овој гел за чистење за мажи, ефикасно ги елиминира нечистотиите, оставајќи ја кожата чиста, освежена и со исклучително удобно чувство.
Неговата ултра-прочистувачка свежа гел формула содржи комбинација од олиго-елементи и потентни прочистувачки состојки.
Клучни состојки: Овој чистач за мажи збогатен со смирувачки Life Plankton™, најуникатната регенерирачка состојка во козметичката индустрија,  има гел текстура која ја остава кожата ултра-свежа и идеално подготвена за бричење по нанесувањето.

ТЕКСТУРА:
Гел чистач за мажи, кој се трансформира во кремаста пена.

РЕЗУЛТАТИ:
Кожата е чиста, свежа и идеално подготвена за бричење. Гелот за чистење ја навлажнува кожата, оставајќи ја кожата мека, удобна и исклучително свежа.
Само-оценувачки резултати*:
94% се согласиле дека производот ги отстранува нечистотиите
94% се согласиле дека производот совршено ја чисти кожата
87% се согласиле дека кожата изгледа помазна
92% се согласиле дека кожата изгледа посвежо

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Овој чистач може да се користи пред бричење или под туш, но исто така и на крајот на денот.

  1. Намокри го лицето со вода.
  2. Земи во раката мала количина од гелот.
  3. Нанеси го чистачот со лесно тапкање по целото лице, избегнувајќи го пределот околу очите.
  4. Испени го чистачот со лесни кружни движења.
  5. Исплакни темелно со вода и истапкај го со пешкир лицето.
  6. Потоа, можеш да продолжиш со бриење, или пак продолжи со твојата дневна крема за мажи. ☼.

МЕРКИ НА ПРЕТПОЗЛИВОСТ:
Избегнувај контакт со очите.

Biotherm

Biotherm е премиум бренд за нега на кожа познат по својата комбинација на напредна биотехнологија и природни состојки. Инспириран од моќта на водата и термалните извори, брендот создава производи збогатени со Life Plankton™, уникатна состојка со смирувачки и регенерирачки својства. Biotherm нуди ефикасна нега за лице и тело, со лесни текстури, свежо чувство и формули кои ја хидрираат, заштитуваат и ревитализираат кожата.