Clinique Clarifying Lotion 2 ексфолирачки лосион за сува до комбинирана кожа

2.220,00 ден

SKU: 2058

Освежувачки лосион за ексфолијација на комбинирана до масна кожа, која ги отстранува нечистотиите и вишокот масност.
Дерматолошки а алерголошки тестиран производ. Не содржи парфеми.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Нежен ексфолијатор е неопходен чекор во патот кон здрава кожа.

– Ги отстранува честичките од загадување, шминката и лушипите на кожата, со цел мазна кожа која изгледа чисто.
– Ја подготвува кожата за крема. Ексфолираната кожа е повеќе склона кон хидратација и производи за третман.
– За посув тип на кожа, пилингот ги отстранува површинските лушпички, отворајќи го патот за хидратантната крема.
– За помасен тип на кожа, ексфолијација два пати во денот помага во минимизирање на вишокот масност и одржување на порите чисти.
– Clarifying Lotion е Чекор 2 во системот за нега на кожа на Clinique составен од 3 чекори. Исчисти со сапун за лице, ексфолирај со Clarifying Lotion, навлажни со Dramatically Different Moisturizing Lotion+, oil-free Gel, lightweight Jelly, or rich Cream.

Дали знаеш по што се разликува ексфолирачкиот лосион на Clinique од тонерот?

Тонерите се првично користени за ребалансирање на кожата по чистењето. Clinique Clarifying Lotion е формулиран со ексфолирачки состојки, кои помагаат во отстранување на мртвите клетки од површината на кожата. Чистењето на тие остатоци со Clarifying Lotion, ја прави кожата поприемчива за навлажнувачи и други третмански производи.

ПРИДОБИВКИ:
Овој ексфолирачки ја остава кожата:
Посјајна.
Помазна.
Со поздрав изглед.
Со помалку забележителни пори.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Вештерска леска
Помага во рафинирање на кожата.

Ацетил глукосамин
Помага во баланс и измазнување на кожата

Формула според типот на кожа:
Clinique Clarifying Lotion е достапен во 5 формули во зависност од типот на кожата.

Овие течни ексфолијатори се составени од активни состојки, како што се вештерска леска, BHA (салицилна киселина), ацетил глукосамин – за одлична ексфолиција два пати дневно. Која формула е соосветна за твојата кожа?

Clarifying Lotion 1.0: Екстра нежна фомрула без алкохол, која е безбедна за чувствителната кожа.
Clarifying Lotion 1: Нежен, за многу сува кожа.
Clarifying Lotion 2: Нежен, за сува со комбинирана кожа.
Clarifying Lotion 3: Одличен за комбинирана до масна кожа.
Clarifying Lotion 4: Формулиран за масна кожа.

*Специфичните состојки варираат од типот на кожата.

Факти за формулата
Дерматолшки развиена формула
Дерматолошки тестирана
Алерголошки тестирана
Без парфеми

Не содржи:
Парфеми
Масла

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Користи го два пати дневно наутро и навечер.
Нанеси на памучен туфер, нежно поминувајќи низ целото лице и врат.
Само за надворешна употреба.
Избегнувај го пределот околу очите.
Продолжи со Чекор 3, крема: Dramatically Different Moisturizing Lotion+, oil-free Gel, lightweight Jelly, или rich Cream.

Оригиналната дерматолошки-развиена рутина на Clinique е едноставна, ефективна, култна. 
Создадена од дерматолозите, рутината од 3 чекори за нега на кожа е научно дизајнирана да придонесе за кожа која изгледа здраво. Само 3 чекори, 3 минути, 2 пати дневно. Секој чекор е ориспособен на твојот тип на кожа.

Чекор 1: Исчисти со Facial Soap
Чекор 2: Ексфолирај со Clarifying Lotion
Чекор 3: Навлажни со Dramatically Different Moisturizing Lotion+, oil-free Gel, lightweight Jelly, или rich Cream.

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.