Clinique Even Better Clinical™ Vitamin Makeup Foundation SPF 50

4.050,00 ден

Погледни кошничка
SKU: 123-123-123-52

Лесна пудра со SPF 50 и формула богата со витамини, за кожа која изгледа посвежо и поздраво.
Дерматолошки тестирана. Безбедна за чувствителна кожа. Алерголошки тестирана. 100% без парфеми.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Иднината е светла со оваа пудра збогатена со витамини. Лесна покривност. Блескав завршеток. SPF пудра без масла која обезбедува лесна покривност и блескав завршеток кој ја остава кожата со природен и здрав изглед, правејќи ја една од најдобрите лесни пудри.

Формула збогатена со витамини 
Оваа дерматолошки-тестирана формула е збогатена со витамини кои помагаат во поддржување на природната енергија на кожата, во осветлување и во штитење на кожата за поблескава и поздрава кожа.

Луксузно чувство
Исклучително лесна, хидрирачка формула која беспрекорно се бленда и топи на кожата, за мазно нанесување.

Заштита од сонце
SPF 50 помага во штитење на кожата од оштетување од сончевите зраци.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
4% витамин Б3
Помага во поддршка на природната енергија на кожата.

5 форми на витамин Ц
Обезбедува повеќекратни придобивки. Две форми помагаат во осветлување на изгледот на кожата и три форми помагаат во обезбедување одбрана, со различни стапки на пенетрација на површината на кожата.

Витамин Е
Оваа SPF пудра обезбедува одбрана од надворешните агресори.

SPF 50
Комбинација од физички креми за сончање кои ги одбиваат УВ зраците од кожата, и хемиски креми за сончање кои ги задржуваат УВ зраците.

РЕЗУЛТАТ:
96% велат дека кожата изгледа посјајна.*

*Потрошувачки тест на 165 жени, по користење на производот една недела. 

ФАКТИ ЗА ФОРМУЛАТА:
Клиничка експертиза
Дерматолошки тестирана
Безбедна за чувствителна кожа
Офталмолошки тестирана
Безбедна за чувствителни очи
Безбедна за лица кои носат контактни леќи
Алерголошки тестирана
Без парфеми
Тестирана на сите тонови кожа

Добро да се знае:
12 часовно носење
Вистинска на нијансата
Не остава линии
Не прави грутки
Не се таложи
12 часовна хидртација
Водоотпорна
Отпорна на пот и влага
Без масла
Не комедогена

Не содржи:
Парфеми
Масла
Содиум лаурил сулфат
Содиум лаурет сулфат

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
За најдобрите резултати и беспрекорен завршеток, препорачуваме да ги користиш прстите за нанесување на производот на кожата, почнувајќи од центарот на лицето и блендај кон надвор.
Надгради ја покривноста онолку колку што ти е потребно.
Отстрани го производот со твојот омилен Clinique отстранувач на шминка.

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.