-25%

Clinique For Men Super Energizer™ Anti-Fatigue Hydrating Concentrate Broad Spectrum SPF 25 хидрирачки концентрат со заштитен фактор против уморна кожа кај мажи 50мл

Original price was: 3.980,00 ден.Current price is: 2.985,00 ден.

Достапност: На залиха SKU: 020714911805

Лесен, безмасен навлажнувач/флуид кој инстантно ја енергизира кожата со 12 часовна хидратација + моќ против умор.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Разбуди, коригирај, заштити. Лесен, не леплив флуид, која ја енергизира кожата со 12 часовна хидратација и моќ против уморот. Технологијата за заштита се бори против модерните агресори кои можат да ја уморат кожата и да го забрзаат стареењето. Оваа крема се бори против UVA/B зраците, инфраред, па дури и сината светлина, клучен нарушувач на способноста на кожата да се заштити самата. Формулата отпорна на пот и влага, помага во заштита на кожата од загадување, полен и прашина, обезбедувајќи целодневна хидратација и моќна антиоксидантна заштита. Кожата инстантно се чувствува поразбудена и помалку уморна. Со текот на времето, првите знаци на стареење се видливо коригирани, а кожата го одржува својот добро-одморен изглед.
Без масла.

ПРИДОБИВКИ:
– Инстантно го намалува уморниот изглед на кожата, цели 12 часа и со континуирана употреба.
– Технологијата за заштита ја штити кожата од UVA/UVB зраци, инфраред зрачење и сина светлина.
– Обезбедува целодневна заштита од загадување/PM2.5/прашина/полен.
– Обезбедува инстантна хидратација која трае до 12 часа.
– Ги намалува линиите, брчките и ја подобрува текстурата на кожата со текот на времето.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Кофеинот дава енергија и поттикнува циркулација.
Хијалуронската киселина, глицеринот и трехалозата обезбедуваат инстантна, долготрајна хидратација.
Технологијата за заштита со заштитен фактор 25, ја штити кожата и ја обновува оштетеноста предизвикана од изложеност на UV зраци.
Богатите нутриенти ја штитат кожата од оксидативно оштетување.
Витаминот Ц и витаминот Е обезбедуваат целодневна антиоксидантна заштита од слободни радикали и надворешни агресори на околината.
Екстрактот од морски корал помага во смирување и намалување на воспалението.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанеси 1-2 испумпувања насабајле на чисто лице и врат.

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.