Clinique Moisture Surge™ SPF 25 Sheer Hydrator хидрирачка крема за сите типови кожа со SPF 25 – 50мл

3.890,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 192333150580

Лесна крема за лице со SPF 25, која ја хидрира кожата и обезбедува лесна заштита од сонце. 100% инстантно видливи резултати – хидратација + сјај.
Дерматолошки и алерголошки тестиран производ. Безбеден за чувствителна кожа. 100% без парфеми.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Оваа секојдневна крема со заштитен фактор SPF 25, ја обезбедува хидратацијата која ја нуди Moisture Surge™, плус лесна заштита од сонце.
Оваа лесна крема со хијалуронска киселина + алое вера Bioferment Complex и провитамин Д, пенетрира длабоко во површината на кожата, за хидратација преку целиот ден.
Ја остава кожата хидрирана и блескава, но не сјајна.

SPF штити од УВ зраците.
Помага во заштита од сонце. Штитењето на кожата од УВ зраците има многу придобивки. Дали знаеш дека изложеноста на УВ може:
– да ги влоши дамките кои веќе постојат и да поттикне појавување на нови
– да ги забрза видливите знаци на стареење
– да се вмеша во природниот процес на кожата, за позабележливи пори
– да доведе до иритација, при што кожата може да изгледа уморно.
Лесен SPF за сите тонови на кожа, дури и за потемните.
Изгледа обоена кога е нанесена, но кога ќе се избленда – проѕирна е. Без бели траги, остатоци или лепливост.
Подготвува за шминка
Лесниот навлажнувач со SPF обезбедува мазна површина за нанесување шминка.
ФАКТИ ЗА ФОРМУЛАТА:
Клиничка експертиза
Дерматолошки тестирана
Безбедна за чувствителна кожа
Алерголошки тестирана
Без парфеми
Не комедогена
Не леплива

Не содржи:
Парфеми
Масла
Алкохол кој ја суши кожата

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Хијалуронската киселина + алое вера биофермент комплексот комбинираат две хидрирачки состојки во еден моќен комплекс кој ја привлекува и задржува влажноста:

Хијалуронска киселина
Оваа состојка која ја привлекува влажноста помага во создавање “резервоар за влага“ за идеална хидратација. Формулата е експертски помешана со 2 различни молекули на хијалуронската киселина со различна тежина.

Алое вера биофермент
Научниците на Clinique го трансформираа алое вера растението преку ексклузивен процес на ферментација. Една од придобивките на ферментацијата е тоа што ги разградува големите молекули на помали, правејќи ги полесни да се апсорбираат во кожата. Направена со лактобацил, активирана алое вода и сертифициран органски екстракт од алое во прав, оваа состојка богата со хранливи материи ѝ помага на кожата да ја задржи влагата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Формулата кога ја нанесуваш е обоена, така што можеш да видиш каде ја нанесуваш.
Започни од центарот на лицето, нанесувајќи ја на највисоките точки, каде сонцето најпрво го зафаќа лицето.
Истапкај или масирај кон надвор, покривајќи го цело лице. Тапкај или масирај се додека производот целосно не се впие.

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.