Clinique Smart Night™ Clinical MD Multi-Dimensional Repair Treatment кремаст ретинол третман за сите типови кожа 30мл

7.150,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 192333054802

Обновувачки ноќен третман кој го започнува процесот против стареење со моќта на ретинол + смирувачка хидратација.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Формулиран со 0.3% ретинол, оваа кремаста формула се впива во кожата за да го забрза обновувањето на клетките и видливо да ги намали фините линии и брчките. Тонот на кожата изгледа поизедначен, сјаен, а изгледот на порите е минимизиран. Обезбедува инстантна и трјна хидратација, која помага во смирување на кожата и неутрализација на сувоста понекогаш поврзана со ретинолот.*

*Толеранцијата на ретинолот варира од личноста. 

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:-
Ретинол (0.3%):
Чиста форма на витамин А, тој е ефективна состојка против стареење, позната дека помага во видливо намалување на линиите и брчките, минимизирање на појавата на порит и измазнување и рафинирање на текстурата.
Мешавина за поттикнување на младешкиот изглед: Помага кожата да изгледа помазно. Вклучува ацетил хексапептид-8, ниацинамид, екстракт од sigesbeckia и аскорбинска киселина.
Хидратантна мешавина: Помага во снабдување на кожата со хидратација. Содржи хијалуронска киселина, путер од семе од манго, пченица, екстракт од јачмен, масло од зрна кафе, сквален и витамин Е.

Што друго не содржи овој производ?
Денатуриран алкохол, содиум лаурил сулфат, содиум лаурет сулфат, сулфати, синтетички бои.

Чистата филозофија на Clinique 
Без парабени. Без фталати. Без парфеми. Само среќна кожа.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанеси количина колку зрно грашок (0.25g) навечер. Избегнувај го пределот околу очите.
Совет: Првите две недели, користи го секоја втора вечер, а потоа секоја вечер. Користи заштита од сонце и ограничи го изложувањето на сонце додека го користиш производот и неделата по користењето. Не користи со други ретинол производи.
За да помогнеш во оптимизирање на резултатите од ретинол, предложуваме да го користиш како дел од рутина со други производи кои делуваат против стареење, како што се:
Наутро: Clinique Smart Clinical Repair™ Wrinkle Correcting Serum, Wrinkle Correcting Cream и Eye Cream.
Навечер: Clinique Smart Night™ Retinol + Clinique Smart Clinical Repair™ Wrinkle Correcting Cream и Eye Cream.

ПРИДОБИВКИ:
Го враќа сјајот со една употреба.
Кожата се чувствува помазна во 28 дена / 4 недели.
Со постојана употреба, видливо се намалени фините линии и брчките.
Ја подобрува изедначеноста на тонот на кожата во 8 недели.
Ја ретекстуризира кожата во 12 недели.
Обезбедува инстантна и трајна хидратација.

Што друго треба да знаеш за ретинолот?
Ретинолот е екстремно ефективна и моќна состојка која делува против стареење. Можно е да искусиш благо црвенило, топло чувство и пецкање или перутење (ексфолијација на кожата). Овие појави се нормални, повремени индикации дека формулата делува.

Доколку се соочуваш со зголемена неудобност додека го користиш Clinique Smart Night Clinical MD Multi-Dimensional Repair Treatment Retinol, врати се на користење секоја втора вечер, додека кожата не се прилагоди. Ова прилагодување може да трае до 4 недели.

Оние кои го користат прв пат и оние со сува кожа, можеби ќе сакаат да го користат Clinique Smart Night Clinical MD Multi-Dimensional Repair Treatment Retinol секоја втора вечер повеќе од 2 недели, за да и дадат на кожата доплнително време да се прилагоди. За дополнителна удобност, користи поблаг чистач и дополнителна крема за навлажнување врз Clinique Smart Night Clinical MD Multi-Dimensional Repair Treatment Retinol.

Ограничи го изложувањето на сонце. Биди сигурна дека си нанела заштита од сонце со најмалку заштитен фактор 15 или повеќе дента кога го користиш производо и една недела откако ќе престанеш да го користиш Clinique Smart Night Clinical MD Multi-Dimensional Repair Treatment Retinol. Имај предвид дека екстремни временски услови како што се ветер или ладно, можат да бидат поиритирачки, така што преземи соодветни мерки за да го заштитиш лицето.

 

Clinique

Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.