Нема на залиха
Clinique Superdefense CC крема SPF30, крема за корекција на тенот со зашитен фактор 40мл
3.360,00 ден
Clinique Superdefense CC Cream SPF30 е 3-во-1 нијансирана крема која нуди моќни антиоксидантни придобивки.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Clinique Superdefense CC Cream SPF30 е нијансирана крема кој обезбедува 3 во 1 бенефити за кожата: обезбедува корекција на бојата/тенот, хидрира и штити од надворешни влијанија, сето тоа во удобна и лесна текстура.Збогатена со кофеин и хијалуронска киселина, оваа CC крема е исто така збогатена со антиоксиданти и UVA/UVB филтри, кои сите заедно помагаат во одбрана од првите знаци на стареење. Пигментираната формула е идеална за подобрување на изгледот на едноличниот и жолт тен, истовремено зголемувајќи го природниот сјај за блескав и мазен завршеток.
ПРИДОБИВКИ:
Ги покрива малите несовршености и го изедначува тенот.
Ја осветлува и омекнува кожата.
Обезбедува долготрајна хидратација на кожата.
Нуди антиоксидантни бенефити.
Лесна формула за удобност при носење.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Кофеинот поседува анти-воспалителни својства кои помагаат во намалување на воспалението и црвенилото на кожата, притоа оставајќи го тенот мазен и изедначен.
Хијалуронската киселина има одлична способност за задржување на водата во кожата.
Витамин Ц е моќен антиоксидант кој помага во спречување и корекција на знаците на стареење, како што се губење на еластичноста, не еднаква пигментација, брчки и ситни линии. Оваа чудесна состојка исто така игра важна улога во задржување на влажноста во кожата и зголемување на светлоста на кожата.
Витамин Е, исто така познат како токоферол, обезбедува антиоксидантни бенефити за кожата.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанеси тенок слој од производот на лицето, по или наместо твојот вообичаен навлажнувач/крема. За поголема покривност, можеш да го користиш производот и под пудра или коректор.
Clinique
Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.







