Нема на залиха

Dolce & Gabbana Light Blue Intense парфем за мажи

4.500,00 ден

SKU: 1868

Искуси ја привлечноста на Dolce and Gabbana Light Blue Eau Intense, интензивниот мирис на култниот Light Blue кој беше создаден во 2017 година. Освежувачки спој на мириси кои се истовремено енергични и мажествени, наменет за модерни мажи кои се постојано во движење.

Мирисот се отвора со ноти од мандарина, нежно искомбинирани со смели ароми. Срцевината има солени акорди проследени со доза океанска свежина. Потоа следуваат базните ноти со присуство на мошус.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Dolce & Gabbana

Dolce & Gabbana е италијанска луксузна модна куќа, основана во 1985-тата година од страна на италијанските дијзанери Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Тие се сретнуваат во Милано во 1980 година каде тоа време дизајнираат и работат како асистенти за модниот дизајнер Giorgio Correggiari. По неколку години работа како колеги, во 1982 даваат отказ и отвораат свое дизајнерско консултантско студио, каде се уште дизајнирале за други брендови се додека не го основаат нивниот. Три години подоцна, во 1985 година во Милано е основан брендот Dolce & Gabbana, а истата година тие ја претставуваат и својата прва женска колекција. Првиот парфем на брендот е Dolce&Gabbana Pour Femme, кој е наречен еден од најдобрите парфеми претставени во последните 20 години. Синоним за италијанскиот гламур и сицилијанската традиција, Dolce & Gabbana нуди луксуз на еден модерен и неконвенционален начин, комбинирајќи ја силната иновација со медитеранскиот вкус. Dolce & Gabbana го преточува гламурот од нивните колекции на пистите, во сензуални мириси, црпејќи инспирација од медитеранските корени на брендот.