Нема на залиха
Eisenberg All-Over Moisturising Mask – хидратантна маска за лице
5.375,00 ден
За производот:
Интензивен извор на енергија, овој океанско-зелен гел, збогатен со хијалуронска киселина, ја хидрира кожата додека црвените алги ја балансираат нејзината природна pH вредност, ги елиминираат токсините и го измазнуваат тенот. Кожата е веднаш посјајна и помазна, и ја враќа својата еластичност. Специјално дизајниран за контурата на лицето и очите. Задолжителен производ за дехидрирана кожа. Погоден е за сите типови на кожа и возрасни групи.
Како се користи:
Нанесете тенок слој на претходно темелно исчистеното лице, на контурата на очите, вратот и/или градите.
• Моментален ефект: нанесете на местото на кое сакате да постигнете ефект и оставете да делува 5 минути.
• Интензивен третман „Супер Зацврстувач“: нанесете секој ден, во период од 8 до 15 последователни дена, на деловите на кои сакате да постигнете ефект, и оставете да делува 5 минути.
• Релаксирачки третман „Спа ден“: нанесете еднаш или двапати неделно и оставете да делува 15 минути.
Исплакнете со млака со вода.
Ефект (главни придобивки од производот): Го враќа природниот сјај на кожата, ја хидрира и ја враќа нејзината еластичност







