Elemis Pro-Collagen Black Cherry Cleansing Balm

3.880,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 641628601752

Број 1 најпродаван чистач, со сочна и декадентна арома на црна цреша.

За брендот:
ELEMIS е британски премиум бренд за нега на кожа, основан во 1990 година. Брендот е познат по комбинирањето на природни активни состојки со современи научни истражувања за создавање производи за хидратација, нега против стареење и подобрување на здравјето на кожата. ELEMIS е особено препознатлив по своите луксузни спа-третмани и висококвалитетни линии за лице и тело.

Опис

Препушти се на број 1 најпродаваната формула, сега збогатена со богата арома на црна цреша, бадем и ванила.

Овој хидратантен ELEMIS балсам за чистење со црна цреша се трансформира во 3 текстури, од балсам се растопува во свиленкасто масло за отстранување шминка пред да се трансофмира во хидратантно млеко кога е активирано со вода. Ефикасно ја разградува дури и тврдокорната шминка, истовремено негувајќи ја и омекнувајќи ја кожата.

Збогатен со моќна мешавина од масло од Starflower, кое длабински негува, и Padina Pavonica, морска алга позната по својата интензивна хидратација, овој балсам ја зацврстува бариерата на кожата за 24 часовна хидратација и заштита. Восоците од мимоза и роза додаваат доза уживање, оставајќи ја кожата мазна, еластична и сјајна.

Формулиран без минерални масла, овој балсам за чистење не само што ја отстранува шминката, туку обезбедува и сензорно спа искуство во домашни услови.

Формула без минерални масла.

КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ:
Длабински чисти, омекнува, негува

КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО:
✓ Ја рaстопува долготрајната шминка
✓ Ја зацврстува бариерата на кожата
✓ Обезбедува инстантна хидратација

*Независно клиничко испитување, 2024. Резултати базирани на панел од 30 луѓе. 

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Масло од Optimega™ 

Докажано е дека оваа мешавина од масла од пченични никулци и овес помага во намалувањето на трансепидермалното губење на вода и го зголемува чувството на мазност на кожата.

Масло од ливадска сапуница
Одгледувано и пресирано до Велика Британија, ова масло е најбогатиот природен извор на Gamma Linolenic киселина, која помага во омекнување, измазнување и нега на кожата.

Масло од бозел
Содржи есенцијални масни киселини и други нутриенти кои дејствуваат како природни антиоксиданти, со цел кожа која изгледа посјајно.

Padina Pavonica
Кафеава макроалга која може да се најде на медитеранскиот брег. Одличен избор на полисахариди за кои е познато дека ја одржуваат хидратацијата на кожата за видливо посветол тен.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Користи го секојдневно како чистач.

Чекор 1: Меѓу дланките затопли мала количина од балсамот, а потоа масирај на лицето, вратот и деколтетот со лесни кружни движења, претворајќи го балсамот во масло.
Чекор 2: Намокри ги врвовите на прстите и продолжи да масираш додека маслото не се претвори во млечна текстура.
Опционално: остави да делува 10-15 минути, еднаш неделно, како негувачка маска за лице.
Чекор 3: Или исплакни со вода или отстрани со крпче за чистење.

Elemis

ELEMIS е британски премиум бренд за нега на кожа, основан во 1990 година. Брендот е познат по комбинирањето на природни активни состојки со современи научни истражувања за создавање производи за хидратација, нега против стареење и подобрување на здравјето на кожата. ELEMIS е особено препознатлив по своите луксузни спа-третмани и висококвалитетни линии за лице и тело.