Elemis Pro-Collagen Morning Matrix антиоксидантна дневна крема против стареење 50ml

10.000,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 641628401505

Антиоксидантна дневна крема против стареење.

За брендот:
ELEMIS е британски премиум бренд за нега на кожа, основан во 1990 година. Брендот е познат по комбинирањето на природни активни состојки со современи научни истражувања за создавање производи за хидратација, нега против стареење и подобрување на здравјето на кожата. ELEMIS е особено препознатлив по своите луксузни спа-третмани и висококвалитетни линии за лице и тело.

Опис

Антиоксидантно решение против предвремено стареење на кожата, кое го намалува појавувањето на фини линии, брчки, замор и видлива напнатост на кожата, што може да се забрза од надворешни агресори како што се загадувањето, стресот и недостатокот на сон. Кожата станува поцврста и помазна со видливо закрепнување.

Ексклузивната мешавина од микроалги и растителни клетки од куркума помагаат во заштитата на кожата од видлив стрес и ги поддржуваат нејзините природни резерви на колаген и еластин за пополнет, поеластичен и поотпорен тен.

Моќниот пробиотски липиден фермент го поддржува производството на клучни липиди во кожата, вклучувајќи церамиди, за да ја зајакне бариерата на влага и да го намали губењето на вода.

За оптимални резултати, комбинирајте ја со Pro-Collagen Overnight Matrix.

Формула без силикон.

КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ:
Измазнува, зацврстува, пополнува

РЕЗУЛТАТИ:
Клинички докажано дека видливо се бори против знаците на стареење кои можат да бидат забрзани од надворешните стресори во околината*.
Клинички докажано дека ја намалува појавата на фини линии, мимични линии, видлива напнатост на кожата и брчки*.
Клинички докажано дека го подобрува чувството на цврстина и еластичност*.
Клинички докажано дека видливо го намалува изгледот на вертикални линии помеѓу веѓите*.
Клинички докажано дека го подобрува чувството на хидратација, инстатно и на долгорочен план*.

*Независни клинички испитувања, 2021, 38 лица во период од 2 недели.
** Независни потрошувачки испитувања, 2021, 101 лице во период од 4 недели. 

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Фермент од Padina Pavonica
Помага во промовирање на ревитализиран изглед на тенот, а воедно помага во минимизирање на појавата на фини линии и брчки и обновување на хидратацијата.

Куркума (Curcuma Longa)
Помага во поддржување на кожата со заштита на колагенот и еластинот од деградација предизвикана од стрес.

Мешавина од микроалги 
Помага во заштитата на кожата од сигнали на стрес и видливо стареење, за помазен и посјаен тен.

Јапонска Artemisia Capillaris
Помага во заштитата од ефектите на сината светлина, а воедно го враќа сјајот и светлоста за младешки изглед.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Користи ја секое утро по чистење на кожата, нанесувајќи ја по масло или серум.

Чекор 1: Затопли ја саканата количина меѓу дланките.
Чекор 2: 
Нежно нанеси на лицето, вратот и деколтето со движења кон горе.
За најдобри резултати, користи го со Pro-Collagen Overnight Matrix.

Elemis

ELEMIS е британски премиум бренд за нега на кожа, основан во 1990 година. Брендот е познат по комбинирањето на природни активни состојки со современи научни истражувања за создавање производи за хидратација, нега против стареење и подобрување на здравјето на кожата. ELEMIS е особено препознатлив по своите луксузни спа-третмани и висококвалитетни линии за лице и тело.