Estee Lauder Advanced Night Repair Eye Supercharged Gel-Creme Synchronized Multi-Recovery Eye Cream 15ml

6.090,00 ден

Погледни кошничка
Достапност: На залиха SKU: 887167588509

Најдобрата крема на Estée Lauder за околу, за темни кругови, линии и повеќе.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Почнувајќи од вечер, разубави го изгледот на очите, за посветол, по широко-отворен изглед. Темните кругови изгледаат посветли за само 2 недели. Линиите и другите иницијални знаци на стареење, изгледаат намалени.

Збогатена со ексклузивниот ноќен пептид на Estée Lauder, оваа свежа, лесна гел-крема која брзо се впива, функционира преку ден, но и навечер. Ја поттикнува природната способност на кожата за видливо генерирање на младост, така што кожата изгледа обновено.

Осветлува со моќ која се бори против темните кругови:
Формулирана да ги таргетира темните кругови на сите локации: под очите, внатрешниот и надворешниот дел на окото и околу очите.
Клинички тестирана и покажано дека делува на мешавина од сино-виолетови и кафеави кругови.
Ја намалува видливата интензивност на темните кругови.

Ги таргетира линиите на очите и изгледот на иницијалните знаци на стареење:
Линиите под очите изгледат намалено во само 1 недела.(1)
89% се согласиле дека иницијалните знаци на стареење изгледаат намалено.(2)

Открива хидриран, сјаен и добро-одморен изглед на очите:
1 нанесување обезбедува 100 часовна хидратација(3). Пополнува и навлажнува со хијалуронска киселина.
Инстантно открива сјаен изглед на очите.
92% кажале дека очите изгледаат поодморени и помалку уморни.(2)

ДВОЈНОТО ДЕЈСТВО СЕ БОРИ ПРОТИВ ВИДЛИВИТЕ ЕФЕКТИ НА СЛОБОДНИТЕ РАДИКАЛИ:
Сина светлина, вклучувајќи светлина од уреди, кои поттикнуваат оштетување од слободни радикали.
Најдобрата крема за околу очи на Estée Lauder помага во ОТПОРНОСТ против иритацијата од средината со ексклузивната FR-Defense™ технологија.
Помага во НЕУТРАЛИЗИРАЊЕ на оштетувањето од слободните радикали со 8-часовна антиоксидантна моќ. Потентната формула со витамин Е, помага во заштита од оштетувањето од слободните радикали преку целиот ден.

1-ВО-60 МИЛИОНИ НОЌЕН ПЕПТИД
Advanced Night Repair Eye, со ексклузивниот 1-во-60 милиони ноќен пептид, помага во оптимизирање на природната светлина на кожата и дневниот ритам на обновување и заштита. Кожата се чувствува поцврста и изгледа обновено.

Дури и кога животот те држи будна, оваа крема за очи нема да го покаже тоа. 
(1) Клиничко тестирање на 52 жени по 1 недела користење.
(2) Потрошувачки тест на 279 жени по користење на производо во период од 3 недели.
(3) Клиничкото тестирање на 31 жена покажало зголемена хидратација 100 часа по едно нанесување на производот.

ПРИДОБИВКИ:
Најдобрата крема на Estée Lauder за околу, за темни кругови, линии и повеќе.

ТИП НА КОЖА:
Производ погоден за сите типови кожа.

ИДЕАЛЕН ПРОИЗВОД ЗА:
Темни кругови
Линии и повеќе иницијални знаци на стареење на очите
Видлива превенција од стареење со двојно дејство кое се бори против видливите ефекти од оштетувањето од слободните радикали
Сувост, дехидратација
Лесна, свиленкаста гел-крем текстура

ФАКТИ ЗА ФОРМУЛАТА:
Го намалува изгледот на темни кругови, линии на очите, иницијални знаци на стареење
Дерматолошки тестиран производ
Офталмолошки тестиран производ
Нема да предизвика акни, нема да ги запуши порите
Без синтетички парфеми
Без парабени, фталати, сулфати, сулфити, алкохол, минерално масло, парафин
Рециклирачка стаклена амбалажа, која е направена од минимум 15% рециклирана содржина пост употреба
Надворешното пакување е рециклирачко и направено од хартија добиена од одговорни извори
Кожата под очите може да биде потенка и понежна за разлика од кожата на други делови на лицето. Доколку дојде до иритација или чувство на неудобност, не користи. Те молиме да не ја користиш доколку си алергична на некоја состојка од формулата.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси наутро и навечер околу очите.
Како да рециклираш: Кога стаклената амбалажа е празна, те замолуваме да ја измиеш и да ја рециклираш. Картонското пакување е исто така рециклирачко.

Estee Lauder нега за кожа

Estée Lauder е престижен американски козметички бренд, основан 1946 година од страна на самата Estée Lauder, претприемачка и визионерка со страст за убавина. Брендот е светски познат по неговите висококвалитетни производи за нега на кожа, шминка и парфеми.
Изграден врз филозофијата дека “секоја жена може да биде убава“, Estée Lauder комбинира научни иновации со елегантен луксуз. Таа е една од првите компании кои нудеа персонализирани консултации за убавина и е заслужна за пионерскиот современ маркетинг за нега на кожа. Денес, Estée Lauder е глобален лидер во индустријата за убавина, на кој луѓето му веруваат за своите ефективни производи против стареење, софистицирана шминка и безвременски мириси, а воедно е и водечки бренд за Estée Lauder Companies, кои поседуваат и многу други големи брендови за убавина.