Estee Lauder Revitalizing Supreme+ Youth Power Eye Balm крема за зацврстување, затегнување и осветлување на пределот околу очите 15ml

6.440,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 887167539587

Крема за околу очи со повеќекратно дејство: зацврстување, подигнување, сјај.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Твоите очи можат да имаат сѐ:  Цврстина. Сила. Сјај. И нов, позатегнат изглед.
Со хибискус и екстракт од моринга во формулата, ќе ја поттикнеш кожата околу очите да го открие својот младешки потенцијал.
Овој богат негувачки балсам значително ќе ја подобри цврстината и еластичноста, за полн, позатегнат изглед без перничиња околу очите. Го намалува изгледот на линиите и темните кругови. Ја остава околуочната регија посјајна и со помладешки изглед.
Дополнително, може да се користи на неделно ниво како маска за очи.

ПРИДОБИВКИ:
Крема за околу очи со повеќекратно дејство: зацврстување, подигнување, сјај.

ТИП НА КОЖА:
Производ погоден за сите типови кожа.

ИДЕАЛЕН ПРОИЗВОД ЗА:
Повеќе знаци на стареење
Подигнување, губење на цврстината, тонирање
Линии и брчки
Едноличен тен без сјај
Сувост, дехидратација

ФАКТИ ЗА ФОРМУЛАТА:
Дерматолошки тестирана
Офталмолошки тестирана
Нема да предизвика акни, нема да ги запуши порите

МОЌНИ СОСТОЈКИ ЗА МЛАДОСТ:

Ексклузивен екстракт од хибискус
Природата во својата најмоќна форма. Научниците на Estée Lauder открија дека цветовите на Hibiscus sinensis набрани рано наутро, ја содржат најсилната моќ за младост. Затоа, тие рачно ги набраа цветовите наутро, за највисок потенцијал, а потоа во процес од 83 денови, од берење до производство, го создаа најмоќниот екстракт кој помага во зацврстување и затегнување на изгледот на кожата.

Ексклузивен екстракт од моринга
Често познато и како “чудотворното дрво“, Моринга е едно од најефективните состојки со младешка моќ која е откриена од Estée Lauder. Нивниот екстракт, создаден преку ексклузивен процес, за кој се чека и патент, ѝ помага на кожата во повеќе нешта.

Екстракт од стебло од кактус и хијалуронска киселина
Дополнителните состојки со висок перформанс ја дополнуваат моќта на Revitalizing Supreme+. Доза екстракт од стебло од кактус и хијалуронска киселина откриваат поцврста, негувана и похидрирана кожа. Виталната бариера на влажност на кожата е зацврстена.

ВРВНА НЕГУВАЧКА ТЕКСТУРА
Богатата негувачка балсам текстура ја негува деликатната кожа околу очите. Брзо се впива и создава сјајна база за секој изглед на очите.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси ја наутро и навечер на пределот околу очите.
Како неделна маска, остави ја да делува 2 минути, а потоа истапкај го вишокот со марамче.

Estee Lauder нега за кожа

Estée Lauder е престижен американски козметички бренд, основан 1946 година од страна на самата Estée Lauder, претприемачка и визионерка со страст за убавина. Брендот е светски познат по неговите висококвалитетни производи за нега на кожа, шминка и парфеми.
Изграден врз филозофијата дека “секоја жена може да биде убава“, Estée Lauder комбинира научни иновации со елегантен луксуз. Таа е една од првите компании кои нудеа персонализирани консултации за убавина и е заслужна за пионерскиот современ маркетинг за нега на кожа. Денес, Estée Lauder е глобален лидер во индустријата за убавина, на кој луѓето му веруваат за своите ефективни производи против стареење, софистицирана шминка и безвременски мириси, а воедно е и водечки бренд за Estée Lauder Companies, кои поседуваат и многу други големи брендови за убавина.