-20%
Giorgio Armani Beauty Eye Tint long-lasting liquid eyeshadow течна сенка за очи 3,9ml
Price range: 2.195,00 ден through 2.900,00 ден
Долготрајна течна сенка за очи, која обезбедува живописна боја на очите која не се набира.
Рок на употреба (од отворање): 6 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Armani Eye Tint Liquid Eyeshadow е долготрајна сенка, за креирање лесни изгледи на очите. Високопигментираната формула е достапна во 3 лесни завршетоци: прозрачен светкав, живописен металик и неутрален мат, обезбедувајќи до 16 часовна носивост и безнапорно нанесување.
Оваа течна сенка со која не можеш да згрешиш, е лесна за употреба во движење за секоја пригода. Кремастата формула на база на вода овозможува сенката лесно да лизга по капакот и беспрекорно да се избленда, заклучувајќи ја бојата за инстантни резултати. Збогатена со чисти пигменти боја и суптилни бисери за поттикнување вибрантност со која очите инстантно ќе станат впечатливи. Повеќенаменскиот апликатор овозможува разновидност на смели изгледи на очите, ајлајнер и smokyизглед – без да ти биде потребен прајмер, алатки или вештини.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Природен изглед на очите: нанеси еден слој од било која Eye Tint течна сенка, користејќи го апликаторот или прстите за блендање и нежен ефект на очите.
Смел, драматичен изглед на очите: изблендај и нанеси повеќе нијанси и завршетоци од Eye Tint течната сенка. Додади длабочина со нанесување подлабоки нијанси на надворешниот агол на окото. Додади дополнителна димензија со користење на светли, рефлективни нијанси во внатрешниот агол на окото или на коската под веѓите.
Совет: Користи го врвот на Eye Tint апликаторот и нанеси производ по линијата на трепките за дополнителна дефиниција, како совршен ајлајнер.
Giorgio Armani Beauty
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.






