Giorgio Armani Beauty Fluid Master Primer база за шминка 30ml

4.380,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614271276650

Транспарентен прајмер кој ја подготвува кожата за шминка.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Иновативен прајмер за лице, кој видливо ја измазнува површината на лицето, го намалува изгледот на порите и создава беспрекорно “платно“ за нанесување течна пудра.
• Свиленкаста текстура која се лизга по кожата и дава мат, но транспарентна сјајност на кожата.
• Ги измазнува фините линии и несовршеностите.
• Совршено изедначен тен за идеално нанесување на пудрата.
• Висока удобност при носење и техника на задржување на шминката.

ПОКРИВНОСТ:
Надградлива

ЗАВРШЕТОК:
Природен

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
• Направи ја вообичаената рутина за нега на кожа, за да обезбедиш чисто и хидрирано лице.
• Нанеси мала количина од прајмерот на задната страна на дланката.
• Со врвот на прстите, со движења кон горе, започни да нанесуваш на центарот на лицето кон надвор, за да го покриеш целото лице.

Giorgio Armani Beauty

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.