-20%
Giorgio Armani Beauty Lip Power кармин за усни 4ml
Price range: 2.500,00 ден through 3.250,00 ден
8 часовен вивиден кармин за усни.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Долготраен сатенски кармин кој обезбедува живописна боја, целодневно носење и удобност, но и прецизно нанесување со иновативна форма. Комбинира боја како кармин и удобност како балсам.
КАРАКТЕРИСТИКИ:
• Формулиран со заштитни, пријатни масла и високоинтензивни пигменти.
• Обезбедува живописна боја со чесно чувство и целодневна носивост и удобност.
• Иновативната форма во облик на капка, обезбедува леснотија при нанесувањето и прецизни, дефинирани линии.
ИСТАКНАТИ СОСТОЈКИ:
• Satin Finish Oil: ги покрива и штити усните за сочно и свиленкасто-мазно чувство.
• Семи испарливо масло: ја нагласува бојата и им дава на усните ултрамеко и удобно чувство.
• Комплекс од живописни бои: обезбедува ултравивидни пигменти за боја во еден потег.
ПОКРИВНОСТ:
Целосна
ЗАВРШЕТОК:
Кадифест
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Исцртај ги усните со врвот на карминот, следевјќи ја природната форма на усните. Користи ја срцевината на карминот за да ги пополниш усните со пигментирана интензивна боја во еден потег.
Giorgio Armani Beauty
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.








