Giorgio Armani Beauty Luminous Silk Cheek Tint течно руменило за лицe 12ml
Price range: 3.050,00 ден through 3.370,00 ден
Armani Luminous Silk Cheek Tint: Up to 12h skin-fusing liquid blush for just-pinched cheeks.
Рок на употреба (од отворање): 6 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Течно руменило кое одлично се спојува со кожата, за завршеток на здрави образи, како штотуку штипнати.
Неговата водена трансформативна технологија инспирирана од формулацијата на Armani карминот, комбинира интензивна боја со лесно блендање.
Оптималниот баланс од боја и пигменти е помешан во емулзија од вода во масло, со цел да се создаде живописна боја во тенкиот слој, која беспрекорно се спојува со кожата.
Оваа уникатна текстура се растегнува во ултра-тенок слој без да ја помести шминката, и може да се надгради бесконечно, од природен до поинтензивен завршеток, кој таре до 12 часа.
Достапно во 6 прекрасни нијанси.
ПОКРИВНОСТ:
Надградлива
ЗАВРШЕТОК:
Сјаен
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
За нанесување без грешка, користи ја техниката со нанесување 1-2 точки со апликаторот на секоја јаболчица. Користејќи ги прстите, нежно изблендај на кожата, се додека не го добиеш посакуваниот интензитет. Мала количина е сосема доволно. Нанеси го вишокот производ на усните, за ефект на “гризнати усни“.
За поизразен завршеток, користи поголема четка за руменило за да го разнесеш течното руменило.
Giorgio Armani Beauty
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.







