Giorgio Armani Beauty Prisma Glass сјај за усни 3,5ml

3.020,00 ден

SKU: 1880-1-1-2-1-2-1-1

Високосјаен, хидратантен сјај за усни.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Хидратантен сјај за усни со висока сјајност, кој ја задржува хидратацијата и ја рефлектира светлината за полни и неверојатно меки усни до 24 часа, без чувство на лепливост. Лесната масло-во-сјај формула комбинира 15% сквалан за да ја заштити бариерата на усните и додава стаклен сјај и призмичен завршеток кој им ласка на сите тонови на кожа. Со секоја кристално-транспарентна нијанса на усните, вклучувајќи ја проѕирната, нуд, розевата и црвената нијанса, сјајната боја ја нагласува природната нијанса на усните.

ПОКРИВНОСТ:
Лесна

ЗАВРШЕТОК:
Проѕирен

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
• Носи го самостојно или како горен слој врз кармин како завршен чекор.
• За поголема пигментираност и сјај, тапкај на усните, наместо да нанесеш со апликатор.
• Лесната формула ти овозможува одново да нанесуваш колку што сакаш, без тешко и лепливо чувство.

• Професионален совет од шминкерите: Нанеси го Prisma Glass врз твојата омилена боја на кармин за мултидимензионален изглед.

Giorgio Armani Beauty

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.