Нема на залиха

Giorgio Armani Luminous Silk Hydrating Primer база за шминка 30ml

4.380,00 ден

Достапност: Нема на залиха SKU: 3614272257276

Ултра-измазнувачки, хидрирачки и блескав прајмер.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Усоврши го твојот Armani Glow со Luminous Silk Hydrating Primer. Овој прајмер за лице кој го поттикнува сјајот, се топи на кожата за време на нанесувањето, истовремено хидрирајќи ја кожата и заматувајќи ги несовршеностите, подготвувајќи ја кожата за беспрекорно нанесување на шминка. Збогатен со ши путер, оризови трици и глицерин, кожата инстантно се чувствува помазно, помеко и похидрирано –  создавајќи совршено платно за твојата омилена Armani пудра, оставајќи ја кожата со блескај сјај.

Luminous Silk Hydrating Primer комбинира формула за нега на кожа и шминка, за блескав makeup изглед и подобрено нанесување на пудрата, носивост и удобност. Оваа лесна формула е погодна за сите типови кожа.

ПОКРИВНОСТ:
Надградлива

ЗАВРШЕТОК:
Сајен

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси мала количина од Luminous Silk Hydrating Primer на задната страна на дланката.
Со врвот на прстите, со движења кон горе, започни да нанесуваш на центарот на лицето кон надвор, за да го покриеш целото лице.
Користи го како база за шминка.

Giorgio Armani Beauty

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.