L’Adria Regenerative cream регенерирачка крема за сите типови кожа 50ml

1.480,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3859893626012

L’ADRIA Регенеративната крема за сува до комбинирана кожа ја открива тајната на здрава и младолика кожа. Ги носи неверојатните регенеративни својства на чудесните алги и морскиот колаген од Јадранот, едно од најчистите мориња во светот, давајќи и на кожата нова убавина од морските длабочини.

Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

За брендот:

Брендот L’ADRIA е инспириран од прекрасното Јадранско Море, а формулите на производите се збогатени со состојки од морето и лековити билки од Медитеранот. Брендот L’ADRIA верува во нежност и грижа за ревитализација на сите типови кожа. „Го пренесуваме во вашата рутина, во хармонија со природата, инспирирана од прекрасното Јадранско Море. Нашите формули, дизајнирани да ја подржат секоја кожа, ќе му дадат на вашето лице хидратација и виталност и ќе ја зачуваат неговата убавина. Знаејќи колку е важно за вас сензуалното чувство на грижа, посветивме посебно внимание на текстурите. Неодоливи на допир, пријатни се за секоја кожа, дури и за најчувствителната. Особено сме горди на активните состојки добиени од лековитите растенија на Медитеранот“, велат од брендот.

Опис

L’ADRIA РЕГЕНЕРАТИВНАТА КРЕМА е централниот дел на L’ADRIA негата за лице. Овој снежно бел, природен крем без мирис е дизајниран да има моќен ефект: го поддржува процесот на регенерација на кожата, ја навлажнува, го смирува црвенилото, ја подобрува еластичноста, спречува други знаци на стареење и што е најважно, одговара на секој тип на кожа, вклучително и најчувствителните.

Бидејќи одговара на сите типови кожа, тој е совршен крем за лице за комбинирање со L’ADRIA серумите за лице. Само измешај неколку капки од серумот со кремот и создади ја својата совршена комбинација.

Кремата нема мирис и е погодна за употреба на чувствителна кожа.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

  • Регенерација на кожата: алги, алантоин, карнозин (амино киселина), аденозин
  • Против црвенило: алги, аминокиселини карнозин и бетаин, витамин Е, аденозин
  • Антиоксиданси: витамин Е, карнозин
  • Хидратација: алги, морски колаген, бетаин, хијалуронска киселина со средна молекуларна тежина
  • Реставрација на липидната бариера: shea путер
  • Стимулација на синтезата на колаген: аденозин
  • Подобрување на тонусот на кожата: аденозин, липоамино киселини, хијалуронска киселина со средна молекуларна тежина

НЕ СОДРЖИ:
Микропластика, PEG и полисорбати, миниерални масла, феноксиетанол, парфем и етерични масла

ПАКУВАЊЕ:
Бело стаклено кутивче. Избери стакло и намали го твоето влијание врз животната средина.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси обилно на чисто лице наутро или навечер, избегнувајќи контакт со очите. Препорачуваме да ја прилагодиш твојата рутина за нега на кожа со комбинирање на РЕГЕНЕРАТИВНАТА КРЕМА со серумите на L’ADRIA за да ги постигнеш твоите козметички цели.

L'Adria